Оклахома стана уште повеќе Америка

„Уставно носење“ е насловот на новиот закон кој во петок стапува во сила во Оклахома, и според кој тамошните на жители не им треба дозвола за носење оружје, само треба да го имаат.

Законот важи за сите жители на сојузната држава над 21 година, и важи без разлика дали сакаш оружјето да го носи скриено или сакаш да го обесиш на колк или рамо. До сега, за добивање дозвола за носење оружје беше потребно да се направи проверка на поединецот и задолжителна обука.

Ова правило не важи за нелегални мигранти и оние што се обвинети за одредени кривични дела.

И понатаму огненото оружје во Оклахома е забрането во јавни објекти, барови, казина, училишта и на професионални спортски настани.

Во август по двојниот масакар во Ел Пасо и Дејтон, демократите од Оклахома поднесоа барање за одложување на законот, но тоа неделава беше отфрлено. Нивната намера беше законот да се стави на референдум на гласањето 2020.

Владата постои заради луѓето, а не обратно. Законот го почитува правото на граѓаните на Оклахома да се одбранат себе си и своите сакани без за тоа однапред да ја молат владата за дозвола,“ изјавуваат од (НРА) Институтот за правна акција.

               

               

5 ноември 2019 - 10:05