„Другарот В.В. Путин константно ги унапредува своите идеолошки и политички стандарди. Тој е активно вклучен во образовната работа на партијата,“ се наведува во документот кој неодамна осамна во Архивата за историски-политички документи на Санкт Петербург, родниот град на Путин.
Меѓу останатото инфо за Путин пишува и дека бил „морално чесен,“ и дека уживал „заслужен авторитет меѓу колегите“. Исто така споменато е дека тој освоил џудо шампионат во 1978.
Путин влегува во КГБ во 1975 по завршување на правен факултет на ленинградскиот универзитет. Неговата кариера во КГБ завршува со распадот на СССР во 1991. Од 1985 до 1990 тој е стациониран во Дрезден каде стига до рангот потполковник.
Според поранешниот КГБ генерал, Алексеј Кондауров, документите покажуваат дека Путин не бил ништо посебен, ниту пак постигнал нешто посебно, „обично пишувавме ’морално чесен’ кога немаше што друго да кажеме за човекот“.