Првите реклами ќе се појават во Мичиген, Висконсин, Пенсилванија и Аризона. Самиот Блумберг нема да се појавува во рекламите но е јасно нагласено дека тој платил за нив, а целиот буџет од 100 милиони долари оди за реклами на интернет.
Сумата е поголема од парите што до сега ги има дадено кој било од кандидатите што се тркаат за демократската номинација.
Иако до сега нема јавно објавено, Блумберг веќе има поднесено документи за својата кандидатура во сојузните држави кои најрано ги затвораат гласачките ливчиња, а има и разговарано со функционери на демократите за да ги информира за своите планови.
Станува збор за сериозен пресврт за Блумберг кој во март објави дека не се кандидира.
Иако цел живот е член на демократите, Блумберг својата кандидатура за градоначалник на Њујорк ја тераше како републиканец.