Свет

Унгарија ги отвори границите за имигранти... од Венецуела

До сега околу 350 мигранти се стигнати од Венецуела во Унгарија, а уште 750 чекаат да се качат на авион од Каракас до Будимпешта.

Полошо него во рерна

Бегалците од Јемен сместени во кампот во Џибути финансиран од Саудиска Арабија (од чие бомбардирање луѓето воопшто бегаат од Јемен) би сакале да спомнат дека животот во африканскиот камп е неподнослив од мај па натаму. И тоа поплаката е од луѓе кои знаат што е топло.

Меркел нон-грата

Во исто време кога на анкетите се уште е најпопуларниот политичар во Германија, Меркел е најмалку посакуваниот багаж што нејзини сопартијци би сакале да го имаат покрај себе за време на кампањата за годинешните избори како за Европски парламент, така и за локално.

На Нетанјаху му лепело рачето

За првпат во историјата на Израел, актуелен премиер е кривично гонет за поткуп (пријави комада еден) и измама и злоупотреба на функцијата (комада два).

Индија и Пакистан малку да олабават, заради сите нас

Двете земји стандардно имаат препукувања преку фронтовската линија во Кашмир, артилериски баражи, а има и случаи кога едната или другата армија наредува јуриш на противничките позиции, меѓутоа од крајот на 1990-те, ниту една страна се немаше осудено да испрати авиони преку границата. Што беше пресудно на крајот од 1990-те? И двете држави тестираа нуклеарно оружје.

ЕУ почна да ги 'рчка Британците во најмилата карпа

Доколку брегзит сапуницата заврши без договор, ЕУ ќе застане зад Шпанија во однос на еден спор што земјата го има со Британија околу Гибралтар. ЕУ не се заканува, само кажува.

Британско добрососедство

Полигон за пукање во близина на Ливерпул решава да ја збогати својата понуда на мети, додавајќи на нив слика од главата на Шамима Бегум, британската ИСИС невеста.

Ј. Тимошенко вс. Ј. Тимошенко на украинските избори

Не само што ќе треба да се бори со сериозните противкандидати, на поранешната премиерка на Украина, Јулија, во трката за претседател на земјата и нагрбачија и двојник на гласачкото ливче, човек по име Јуриј а презиме Тимошенко.

„Не сакам американски ракети, САД помалку да попуваат“

Чешкиот претседател Милош Земан ја одби идејата во неговата земја да бидат разместени американки ракети. На САД им порача повеќе да слушаат што другите земји има да кажат а помалку да солат памет.

Берни Сандерс се сака со донации

Во рок од 24 часа откако објави дека се приклучува на трката за претседател на САД, Берни Сандерс успеа да собере 6 милиони долари од донации.

Крајот на трансатлантската шарада

Безбедносната конференција во Минхен беше моментот во кој Европа и Трамп престанаа пред јавноста да се преправаат дека се почитуваат еден со друг.

САД префрлуваат нуклеарна технологија во Саудиска Арабија

Свиркачи на повеќе нивоа во Белата куќа предизвикаа сериозна загиженост заради нивните тврдеа дека во тек е префрлање на сензитивна нуклеарна технологија во Саудиска Арабија.

Трамп е на пат да добие воена парада

Откако плановите за масовна воена парада во Вашингтон беа повлечени по удирање есап колку ќе чини таа желба, Трамп ја редизајнираше идејата, главно по обем.

Специјалниот американски пратеник за Венецуела и неговата историја на уништување низ Латинска Америка

Се вика Елиот Абрамс, на позицијата беше именуван минатата недела, а во резиме има повеќе од 30 години разорување низ Јужна Америка, и ова некако не им се допаѓа на новите американски конгресмени.

На првиот човек на Меј за брегзит, на пијачка му се испушти планот за брегзит

Британските медиуми пренесуваат една многу наивна сторија според која на главниот преговарач на Меј за брегзит, Оли Робинс, сред бар во Брисел му се испуштила тајната стратегија на британската премиерка за решавање на брегзит, додека во исто време во близина седи еден британски новинар.

Гуаидо јак на улица, Мадуро на анкети

Венецуелската анти-владина коалиција предводена од човекот кого запад го смета за легитимен претстедател на државата ги одржа веројатно најмасовните протести досега. Но, мнозинството граѓани на Венецуела и натаму го сметаат Мадуро за нивен претстедател. Дури и опозиционите лидери кои се надеваа на брз пресврт, сега велат дека веројано во прашање не се денови туку месеци.

Каде ќе лежи Ел Чапо?

Американскиот суд го прогласи за виновен мексиканскиот убер нарко-бос Јоакин Ел Чапо Гузман, и му одреди затворска казна која ќе трае до крајот на неговиот живот. Следен чекор е да утврдат кое ќе биде новото престојувалиште на Ел Чапо.

Сопругот ѓубре и неговото право

Сопругот (се уште) на првата италијанска црномуреста министерка, Сесил Кјенге, решава и тој да се проба во политика и да се кандидира на следните локални избори. За да го заслужи насловот неговиот избор за коалиционен партнер е крајно десната Северна Лига.

Хиџабот како симбол на угнетување на жените

Ставот е на неодамна избраната Mинистерка за статусот на жените на Квебек, и откако беше притисната да го повлече, таа реши да го повтори и да остане на тоа што претходно го кажала.

Кина го загадува воздухот во Калифорнија

Слично како што Кина не почитуваше граници во загадувањето, така и загадувањето не почитува државни граници. За сега Калифорнија трпи штета по двете основи.

Жан Клод Јункер е сè заради што се случи Брегзит

Сакате да разберете зошто Британија гласаше да ја напушти  ЕУ?  За тоа постои објаснување од три збора: Жан. Клод.  Јункер.

Што па Макрон се буни кога и тој се меша во италијански работи?

Како за влада која активно ја поддржува италијанската опозиција, Французите многу се вознемирија што италијански функционери им вратија мило за драго, порачуваат од италијанското Движење 5 ѕвезди.

Зелениот нов договор на Окасио-Кортез

Кога прв пат го спомна оданочувањето од 70% за американските богаташи, намерата на Александриа Окасио-Кортез е парите да бидат пренаменети за Зелен нов договор, кој ќе има две главни точки: борба против климатските промени и борба против економска и расна неправда. Сега таа и официјално го објави планот.

Како се позлати портпаролот на Путин?

Дмитри Песков со години е јавен службеник на позиција портпарол на Путин. Додека тој 'рмба во администрација неговата сопруга Татиана Навка успеа да развие империја за недвижности вредна над 10 милиони долари, барем за толку се знае.