Од 2013 Стејт Департманот ги предупредува американските туристи да го избегнуваат Ел Салвадор, и за тоа наведува листа на причини, сите насилни: криминал, банди, многу, многу убиства, лоша полиција, итн.
Нешто одеднаш се менува последниве години во земјата (ништо не се менува), и сега истиот овој Стејт Департман ги апдејтуваше своите насоки за американски туристи и го прогласи Ел Салвадор за безбедна дестинација.
Ел Салвадор, како и соседниот Хондурас до пред некое време беа во 3-та категорија, земји за кои треба да размислиш дали ќе патуваш. По ново Ел Салвадор е префрлен во 2-ра категорија со држави како Данска, Франција и Германија, додека Хондурас уште останува во 3-та. (П.С. Македонија е во прва категорија.)
Ваквиот апдејт пак коинцидира со договорот што администрацијата на Трамп го прави со владата на Ел Салвадор за враќање на бегалците кои минале преку Ел Салвадор на патот кон САД. Ел Салвадор се согласил секој азилант што ќе им го врати САД, да бара азил кај нив, наместо кај Американците. А за да ги вратиш бегалците неопходно е местото на кое ги враќаш да биде мирно, спастрено и да си уверен дека тамошните власти можат да ги заштитат барателите на азил, односно да е 2-ра категорија.