За да не се случи глобален линч, парите што ќе дојдат од зголемените сметки владите треба да ги вратат назад кај народот и да ги компензираат потрошувачите.
Бројката се базира на математика според која неопходно е данокот на јаглерод-двооксид да се зголеми од 2 долари за тон на 75 долари за тон, што на сметката за струја ќе удри со покачување од 43%. Поскапувањето би било поголемо во земјите кои повеќе зависат од јаглен за добивање на струја.
Мотивот зад овие бројки е дека без доволно поскапување температурите се очекува до 2100-та да пораснат за 4 степени целзиусови, и тоа што а на издувните гасови од фосилните горива отпаѓаат речиси две-третини од стакленичките гасови.
Во извештајот се наведува дека компензацијата, враќањето на дел од парите кај потрошувачите, е клучна за остварување на планот.
„За даноците на јаглерод-двооксид да бидат политички изводливи и економски ефикасни, владите ќе мора да решат како ќе ги користат новите приходи. Меѓу останатите опции се укинување на други даноци, поддршка за ранливи домаќинства и заедници, раст на инвестиции во зелена енергија или едноставно враќање на парите кај граѓаните како дивиденда,“ објаснуваат економистите на ММФ.
А може и вака: