Апси сè тоа, не прашувај

Ако уапсиш човек за поседување 25 вреќички бел прашок, за кој се претпоставува дека е кокаин, дали треба да го пуштиш кога ќе откриеш дека е прашок за веганска торта?

Она што за британската полиција првично беше апсење на нарко-шверцер и голема заплена на дрога, подоцна излезе дека е апсење на вработен во веганска пицерија кој во торбата пренесувал состојки за подготвување веганска храна.

Полицијата паѓа на педантноста на „шверцерот“ кој состојките ги пренесувал во торба поделени во 25 сини кеси.

Човекот е задржан по пристигнувањето на лондонскиот аеродром Гетвик, по што е повикана полиција. Дури по „голем број проверки и тестови, утврдено е дека прашокот во кесите всушност се состојки за торта за веганска пицерија“.

Ваквото исход не им пречел на полицајците да го пуштат човекот на слобода и да му ги вратат запленетите сировини.

16 октомври 2019 - 12:10