Благодарејќи на систематското работење на загревање на океаните, целиот процес е несебично помогнат од топењето на мразот на Гренланд и Антарктик. Сето ова доведува до феномен кој не е познат до пред некоја година (2012) - топлински бранови во океаните.
Вака стоплената вода пак има дополнителен ефект врз живиот свет кој егзистира во нејзе и почнува темелно да го уништува, сегмент по сегмент (пример, ќе снема планктони, па ќе снема некои суштества што се хранат со планктони, па по нив некои рипчиња што се хранат со овие суштества...).
Друга придобивка од стоплените океани е што тие создаваат совршени услови за цветање на алгите и нивно незапирливо ширење и прекривање цели области од океанот.
Најавите се дека ваквото комбо ќе има две точки на влијание врз човештвото: прво се потоплите океани кои ќе го забрзаат топењето на мразот, кој пак ќе го зголеми нивното ниво и ќе предизвика поплави и иселување на жители на крајбрежни региони низ светот; и второ, и овие што ќе бидат поплавени и иселени, и оние што ќе останат непоплавени ќе страдаат за храна заради изумирањето на живиот свет од верижната катастрофа предизвикана од затоплувањето.