Барањето на обвинителството е по основа на бразилскиот закон кој дозволува на затворениците со добро поведение и кои имаат одлежано една-шестина од казната остатокот да го минат во помалку казнено-поправни услови.
Но откако Лула крена рачна на ваквото барање, сега ќе треба федерален судија да го одлучи неговото следно место на престој.
За добар дел од бразилската левица казната за Лула е чисто политичка, а судијата кој го осуди поранешниот претседател моментално е министер за правда на Болсонаро. Во писмо до граѓаните на земјата, Лула порачува дека обвинителството треба да се извини до бразилскиот народ и неговото семејство за „злото што го направило кон демократијата, правдата и државата.“
Оваа казна на Лула е потврдена и од тамошната апелација, а него го чекаат обвиненија во уште седум други случаи.