Швајцарските власти ќе стават на аукција 25 ултра-луксузни возила запленети во 2016 од синот на претседателот на Еквадоријална Гвинеја. Се работи за колекција која се очекува да донесе околу 17 милиони евра (од 25 возила).
Возилата ќе бидат продадени во име на кантонот Женева, а парите ќе бидат инвестирани во унапредување социјални програми во африканската држава.
Ергелата супер-возила е запленета за време на истрага околу перењето пари и проневера на државни фондови од страна на Теодорин Обианг, потретседател на Еквадоријална Гвинеја и син на претседателот на државата. Позицијата потпретседател е воведена лично за него. Освен Швајцарија, истрагата опфаќа неколку нејзини модерни реплики како Кајманските и Маршаловите острови.
Освен ова африканската држава ќе треба да и плати на Швајцарија и околу 1,3 милиони швајцарски франци, од кои најголемиот дел ќе ги покријат трошоците за аукција.
Инаку главен извор на приходи на земјата е извозот на нафта, но во исто време главен потрошувач на истите приходи е владејачкото семејство, додека 76% од граѓаните на земјата живеат во сиромаштија. Теодоро, таткото на Теодорин, владее со западноафриканската држава повеќе од 4 децении.
Меѓу другите што се имаат офајдено од перењето пари на Теодорин се Франција која му заплени Вила во Париз и условно го казни со 30 милиони евра, и Бразил кој минатата година на синот му заплени 16 милиони долари во луксузни часовници (со негови иницијали).