Свет

Украина треба да направи уште еден голем јуриш пред зимата

Алармирањето од Западот е дека на украинските сили им истекува времето за да ја изведат последната критична битка за годинава за ослободување на територии на југот, пред временските услови на фронтот да станат невозможни за каква било поголема операција.

Зеленски нејќе преговори, Бајден му праќа 625 милиони долари оружје

Еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден побара дополнување на американските воени резерви на оружје и муниција, истиот реши резервите дополнително да ги подиспразни. Ако се полни, да се полни како што треба.

Првите денови на Трус бетер од последните денови на Џонсон

Британската премиерка, Лиз Трус, има пониски рејтинзи на почетокот од својот мандат отколку што Борис Џонсон имаше на крајот.

Иранските дронови се евтини, ги има и ѝ вршат работа на Русија

Деновиве војната повторно стигна до Одеса, стотици километри оддалечена од фронтот, и тоа не благодарејќи на најразличните руски ракетни системи, туку на увезените ирански камикази дронови.

Полска официјално почна да се раскусурува со Германија

Полскиот министер за надворешни работи со сета сериозност потпиша дипломатска нота до Германија во која од соседот бара да се вразуми и да ги плати парите што ги должи за штетата од Втората светска војна.

Албанска евакуација од Данкирк

Во истоимениот воен спектакл, Кристофер Нолан ја овековечи евакуацијата во Данкирк од Втората светска војна. Репортери на Деили Меил ја регистрираат евакуацијата која секојдневно се случува во Данкирк во 2022 година. Нашле дечко кој од тоа заработува милион фунти неделно.

И на Путин му се одмили мобилизацијата

Руската влада направила грешки за време на делумната мобилизација на резервниот состав, прибирајќи и тоа што смее и тоа што не смее, изјави човекот што ја нарача мобилизацијата.

Ши Џинпинг, шефот на Путин?

Притисокот од кинескиот претседател Ши Џинпинг, а не украинската контраофанзива, е причината зад неодамнешните одлуки на рускиот претседател за мобилизација и референдуми, тврди негов поранешен советник.

На САД и Европа им снемува оружје на залиха за испраќање во Украина

Годишното производство на комплетната американската воена индустрија вообичаено е околу 30.000 155-милиметарски гранати за хаубиците што САД и ги испорача на Украина. Во борбите на фронтот украинска армија овие 30.000 гранати ги троши за околу 2 недели.

Катар 2022, најскапото нешто што некогаш се одржало

Ако се земат превид сите пари што се дадени за организација на Мундијалот во Катар од изградба и реновирање на стадиони, до неопходна нова инфраструктура, првенството во Катар е најскапиот настан што некогаш е организиран.

Шолц се врати со само еден танкер гас од арапската турнеја

Обединетите Арапски Емирати му гарантираат на Шолц и германската економија испорака на еден танкер течен гас, вкупно. Може ќе има и други, ама може и не.

Макрон, боли ли газето?

Трет ден како новата премиерка на Италија, Џорџа Мелони, од говорници го дрма Стариот континент. На ред дојде Емануел Макрон, добриот човек кој ни се обрати за референдумот да си го смениме името, а после ни го зачука првото вето.

Северен тек во воздух го дигнаа Американците

За поранешниот министер за одбрана на Полска, Радек Сикорски, нема дилема кој стои зад саботажата на Северен тек. Варшава се огради од ова непријатно адресирање, но, не беше толку одамна кога Бајден се закани дека „Ако Германија, пардон Русија“ (стариот ништо од прва не може да убоде) влезе во Украина, ние ќе му ставиме крај на Северен тек.

Не е фашизам сè што не ви е по мерак

Уште пред гласањето во Италија луѓе прво дознаа дека потенцијалната идна премиерка на земјата е фашист, пред воопшто да разберат како се вика, а не па да чујат што има да каже, и тоа едноставно е погрешно, барем според нејзиниот најголем противник Матео Рензи.

Путин му потпиша руско државјанство на Сноуден

Поранешниот вработен на американската НСА и уште малку 1-децениски бегалец, по неполни десет години азил во Русија вчера и официјално доби руско државјанство со декрет на рускиот претседател.

Мобилизација по руски

Знаеш дека има некој проблем со мобилизацијата во Русија кога главната уредничка на РТ јавно ќе порача дека надлежните претерале колку се неспособни.

Во шахот не се местат дуели со анални вибратори... веројатно

Во серија од неверојатни случки најдобриот шахист на денешницата, Магнус Карлсен, беше поразен од најслабо рангиран играч на турнир, по што за прв пат во кариера се повлече од еден куп. Пред некој ден, исто за прв пат во кариера, стана од маса по еден направен потег. И ова може да има врска со анални вибратори.

Дали Унијата ќе се распука под притисокот од гасот и струјата?

Нема ништо обединето околу пристапот што го имаат членките на Европската Унија во обезбедување гас за зимава, ниту околу нивната подготвеност да си помогнат едни на други, што според првиот човек на Меѓународната агенција за енергетика е директна закана за најосновната обединетост на Унијата.

Кина го ребри Запад за климата: Многу сте неозбилни

Кина со децении беше главниот глобален виновник за лошите параметри на климата затоа што за својот задоцнет економски бум го користеше истото она на што се темелеше некогашната индустриска револуција на Запад -  јаглен и фосилни горива. Енергетската криза го поремети овој црно-бел кастинг.

Хиџабот во пламен

Иранските девојки и жени се на фронтот на протестите против исламската република по смртта на една млада девојка која беше однесена во притвор од моралната/верска полиција, затоа што не носела мушама на глава. Се горат хиџаби, но и се гине.

Русите на чекор до добивање жолта лента во Естонија

Коалициски договор меѓу владеачките партии во Естонија планира да им се забрани на луѓе кои живеат во таа земјата а имаат руско или белоруско државјанство да имаат дозвола за поседување оружје. Нивниот министер за полиција најавува дека тоа може да им се случи и на други „непријателски“ луѓе.

Американската елита од северот сака мигранти, дур се во Тексас

Гувернерот на Флорида, можен кандидат за претседател на идните избори, испрати авион со илегални имигранти од Венецуела, на Мартас Винјард, едно од најелитините летувалишта во Америка. Прогресивните снегулки веднаш прогласија, ни помалку ни повеќе, туку „хуманитарна криза“.

Шведска, популизам, здраво!

Ете, и тоа се случи. Во социјалдемократскиот рај на Земјата, во бастионот на толеранцијата победија десничарски националисти. Нивниот успех не се должи на тоа што меките Швеѓани одеднаш станале расисти, туку на долгото и упорно избегнување на елитите отворено да се зборува за проблемите.

Kако Бил Гејтс и партнерите ја контролираа ковид кризата

Тесно соработувајќи меѓусебе, четири здравствени организации имаа огромна улога и контрола врз начинот на кој светот реагираше на пандемијата. Како да се влади, само што за разлика од владите, не одговараа никому. Истражување на американскот Политико и германскиот Велт.