Кога полицијата ќе потегне водени топови

Тамилците излегоа да протестираат (сиромаштија, корупција, стандардни теми), властите на Шри Ланка решија демонстрациите да ги растураат со водени топови. Единствен логичен одговор на луѓето кои се бунеа по улици беше - да извадат шампони.

Шри Ланка едвај ја преживеа најлошата економска година во последно време, кога властите им најавија допрва да бидат подготвени за стегање на каишите бидејќи оваа година ќе биде полоша.

Земјата има долг од 46 милијарди долари, на 1,8 милиони семејства кои живеат под границата на сиромаштија им беше кажано дека исплатата на социјалното ќе им доцни а претседателот Рани Викремисинге процени дека трошоците на државните функционери треба да бидат скратени само 5%.

Луѓето решија да протестираат.

Полицијата реши да извади водени топови.

Луѓето решија да извадат шампони.

 

18 јануари 2023 - 09:58