Моментално градот има 17 илјади од над 57.000 жители пред војната, а во руското гранатирање е уништена една третина од него.
Економист разговара со еден украински хуманитарец во Купјанск кој раскажува дека секогаш кога ќе излезе на терен луѓе го сликаат со телефони. Тамошен војник подоцна му објаснил дека сликите најверојатно се испраќаат на руски социјални мрежи, а веројатно и на убијци, кои прават бази со податоци од Украинците што работат на терен. Истиот овој хуманитарец објаснува дека селани од околината на Купјанск одбиваат да прифатат помош од Украинците.
Украински функционери веруваат дека локалните Руси, градот е на само 1 час возење од руската граница, постојано испраќаат информации до руските сили за распоредувањето на украинските сили во градот и нивното движење.
На тамошниот украински контингент му е наредено да не прима никаква храна од локалните жители од страв дека може да бидат отруени.
На почетокот од војната руските сили без никаков отпор влегоа во Купјанск, пречекани од поранешниот градоначалник кој сега заедно со уште 200 до 214 градски советници се пребегани во Русија.
Дури и да го стават Купјанск целосно во ред, прашањето на Економист е како Украина ќе се справи со враќањето под свое на многу позакоравени про-руски региони како Донбас и Крим.
„Но Украина се надева дека повторно ќе ги освои Крим и Донбас, региони окупирани од Русите од 2014 кои историски со поголеми симпатии гледаат кон Русија. Ова ќе бара битка за срцето и разумот.
Во интервју за Економист, Зеленски ќе каже дека руската пропаганда работи со 'застрашувачки резултати'. Освојувањето на Украинците кои минаа речиси една деценија изложеност на нејзе ќе биде предизвик,“ се наведува во текстот на Економист.
Процената е дека клучна улога во сето ова ќе биде реконструкцијата на регионите која ќе им покаже на жителите дека се во држава која му припаѓа на „цивилизираниот свет“ и која има иднина.
Иако украинските власти успеваат да поделат хуманитарна помош меѓу населението и да приклучат струја и вода кај повеќе од 90% од домаќинствата, тие објаснуваат тоа е покривање само на најосновните потреби, а допрва ќе треба да се почне со вистинското заздравување на ослободените градови и региони.