Неброените демонстранти успеваат да го совладаат обезбедувањето на резиденцијата и да упаднат во нејзе, плус го напаѓаат Врховниот суд кој се наоѓа во нејзина близина. Бразилските медиуми пишуваат дека дента објектите имале сериозно мало обезбедување, па толпата речиси не наишла на никаков отпор.
Старо-новиот претседател на Бразил во моментот не бил во својата резиденција па немал никаков контакт со толпата. Лула во моментот бил во Сао Паоло од каде нареди федерална интервенција во главниот град по што полицијата и војската излегоа на терен и ја смирија ситуацијата. Во неделата вечерта судија на бразилскиот врховен суд нареди 90-дневна суспензија на гувернерот на областа во која се наоѓа Бразилија, заради гнев дека ништо не преземал за да го спречи нападот.
До вечерта властите ја враќаат контролата над сите објекти, а полицијата апси вкупно 300 лица вклучени во немирите. И во резиденцијата и во судот е направена сериозна материјална штета, но нема ниту една жртва.
Толпата прво се собира пред седиштето на бразилската армија во Бразилија и од таму пешачи 8 километри кон „Плоштадот на трите власти“ каде што се наоѓа претседателската резиденција, Врховниот суд и Конгресот.
Болсонаро го напушти Бразил уште на вечерта на инаугурацијата на Лула и од тогаш е во Флорида, од каде вчерашните настани ги опиша како претерување и дека не се дел од демократијата.
Од крајот на претседателските избори во Бразил, кои Лула ги доби со тесна предност, симпатизерите на Болсонаро одбиваат да го признаат поразот, и со месеци протестираат и константно бараат поддршка од полицијата и војската за враќање на Болсонаро на власт и продолжување на неговиот мандат.