
Експлозијата се случува во дипломатската област во Кабул, околу 16 часот по тамошно време, каде свои амбасади имаат неколку држави вклучително и Турција, Индија и Кина.
По зборовите на портпаролот на полицијата во Кабул пет цивили ги снајде „маченичка смрт а голем број други беа повредени.“ Иако тој не соопштил колкав е бројот на повредени, хуманитарната организација Емерџенси тврди дека нивниот хируршки центар во Кабул примил над 40 пациенти по експлозијата.
За нападот одговорноста ја презема тамошната филијала на ИСИС, ИСИС-К, кои тврдат дека нападот го извел бомбаш самоубиец.
За разлика од Талибанците, ИСИС тврди дека се убиени 20 лица.