На самитот ќе има околу 3.000 учесници, главно најмоќните, најбогатите и најважните политички и бизнис ликови од светот. На овие 5.000 војници плус е полицијата и личното обезбедување на учесниците.
На страна сите овие „нај-нај“ учесници, форумот секоја година е проследен со традиционални масовни демонстрации од анти-глобалисти и анти-СЕФ демонстранти кои можат да си дозволат да стигнат до Давос. Исто така традиционално, ретко кој од овие демонстранти успеал да припари во близина на форумот.
Свис инфо пишува и за цените во Давос за време на форумот, па така меѓу 16 и 20 јануари студио со три кревета се издава за 2.600 швајцарски франци од вечер, плус на ова има и дополнителни давачки од 200 франци од вечер.
Во февруари истото ова студио е огласено за швајцарски сосема пристојна цена од 150 франци од вечер.
Меѓу цените има и пример со апартман со два дупли кревета и еден кауч кревет, по цена од 25.000 франци за овие пет дена, или 5.000 франци по ден.