Мигранти: Исти Трамп, друго пакување

Се сеќавате кога американски политичари и славни фаци се преправаа дека душа ги боли заради нечовечкиот третман кон мигрантите од југот завреме на ерата на Трамп? Сега е штама по тоа прашање иако ситуацијата е иста, ако не и бетер. Да видите како изгледа Ел Пасо деновиве.

Перјаницата на прогресивните Демократи, Александрија Окасио Кортез, на јужната граница (архивски фотографии):

Константа на американската мигрантска политика е суровоста, без разлика дали неа ја спроведува претседател кој знае расистички да навредува мигранти (Трамп) или пак оној се колне во „безбедно и уредено процесирање“ додека решава групно да им сврти грб на илјадници мигранти (Бајден).

Во суштина, истата политика на Трамп, Бајден само ја облекува во либерална реторика, пишува Интерсепт.

Актуелниот претседател неодамна обелодени политика за бланко одбивање на сите оние кои бараат американски азил од Куба, Хаити и Никарагва а претходно не побарале азил во трета земја. За Венецуела не мора, бидејќи за нив веќе е на сила таков закон.

За 9 месеци, врз основа на тој закон, администрацијата на Трамп се ослободи од половина милион луѓе. Администрацијата на Бајден пак, досега има депортирано преку два милиона луѓе.

Ел Пасо, нови фотографии:

 

 

9 јануари 2023 - 12:14