Наводно информацијата што стига до Шпигел, која БНД ја споделува и со членовите на германскиот парламент задолжени за национална безбедност, украинската армија во борбите со Русите, само во судирите околу Бахмут губи по троцифрен број војници.
Паниката кај БНД е и од можноста Русите да го освојат стратешки важниот град кој сериозно ќе смени во украинските планови за пролетно воскреснување на есенската офанзива.
Ставањето на Бахмут под своја власт, ќе им овозможи на Русите да почнат со дополнителен напредок кон запад.
БНД тврди дека Русија е многу решена да го освои Бахмут и безмилосно истура колку и да е потребно војници на фронтот без разлика на жртвите во своите редови, кои исто така застрашувачки високи „но тоа очигледно ништо не сменило во руската тактика.“
На 16 јануари британското разузнавање објави дека двете главни линии за снабдување на Бахмут се под се поголем притисок.