Таг: бахмут

Бахмут да се затвори и да се претвори во град-споменик

Моментално Русите го сметаат Бахмут за ослободен, а Украинците за окупиран. За некоја недела / месец, тоа може да се смени. Што и да се случи, кој и да е ослободителот, наградата ќе биде град кој изгледа како да сака еднаш засекогаш да му ги скратат маките. Снимката е од деновиве и од тоа што се гледа како најлогично решение да е Бахмут никогаш повеќе да не биде населен град.

Пригожин се закани со повлекување од Бахмут на 10 мај

Откако сподели видео како оди меѓу десетици лешови на тазе загинати борци на Вагнер во Бахмут, основачот на организацијата му порача на руското министерство за одбрана дека неговите борци ќе го напуштат градот на 10 мај, доколку не почнат да ја добиваат неопходната поддршка, главно во муниција.

Бахмут уште трае и уште троши

Бранењето на тоа што и остана од Бахмут ја чини украинската армија илјадници артилериски гранати на ден, и ова ја става во сериозен ризик можната украинска пролетна офанзива за враќање на остатокот од источните територии што моментално се под руска контрола.

Бахмут ги спука Зеленски и Залужни?

На ниту едно место во Украина до сега не загинаа толку војници и на ниту едно место Русите не се толку упорни со својата „мелница за месо“ тактика и ниту едно друго место не предизвика толку внатрешни дебати во Украина како Бахмут. Германски Билд тврди дека ова го зафати и највисокиот врв на Украина, претседателот на земјата и првиот човек на генералштабот.

Што ќе значи губењето на Бахмут за Украина?

Снимки како украински војници го напуштаат Бахмут станаа пречести на интернет, а украинската војска веќе ги уништи и последните мостови во градот кои служеа за нејзино снабдување и траса за брз излез од таму. 

Погоди кој од нив е тазе дојден во Бахмут

Да не знаеш што е пострашно колку се моќни експлозиите што новинарката на секое се вади од памет или што овие што се поодамна во Бахмут се станати ѓон на сè што се случува околу нив.

Украина секој ден губи по трицифрен број војници во Бахмут

Германски Шпигел ја пренесува дојавата од германската Федерална разузнавачка служба, БНД, дека тие веќе се алармирани од големите загуби што Украина ги трпи во одбраната на Бахмут.

Рововите околу Бахмут

Градот кој до 2016 го носеше името Артемовск, е еден од градовите на Украина кои војнава неколку пати ги сменија газдите. Моментално се под украинска власт, што подразбира дека и украинска војска е заглавена во рововите околу градот. Не на нивно големо задоволство. Снимките од рововите што доаѓаат од таму се како од сценографија за филм од Прва светска војна.