„Шојгу! Герасимов! Каде е муницијата? Тие дојдоа тука како волонтери и загинаа за вие да можете да се дебелеете во вашите канцеларии од махагони,“ гневно порача Пригожин.
Пригожин објаснува дека неговите сили се согласиле да останат во Бахмут до 10 мај за да и дозволат на Русија да го прослави денот на победата (9 мај). Според изјавата, на 10-ти сите позиции на Вагнер во Бахмут ќе им бидат отстапени на единици на министерството за одбрана, а доброволците „ќе се повлечат во логистичките кампови за да си ги залечат раните.“
Дел од западните експерти недостатокот на муниција за Вагнер го објаснуваат како отворен судир меѓу министерството за одбрана и Пригожин, за други одлуката најверојатно покажува дека министерството одлучило да штеди муниција пред украинската контра-офанзива, бидејќи министерството треба да му ја мисли за целиот фронт додека Пригожин е фокусиран само на Бахмут.
Самиот Пригожин предвидува дека украинската контра-офанзива ќе започне на 15 мај, бидејќи до тогаш ќе има доволно денови без пролетни дождови па тенковите и артилеријата ќе можат да напредуваат на колку-толку сув терен.