Нешто како правда

Пијан возач кој во САД уби двајца родители и ги повреди нивните три деца, освен стандардната казна затвор, ќе треба да исплаќа и издржување на децата што ги остави сираци.

Сообраќајната несреќа се случува на Божиќ, а жртви се 33-годишните Дастин и Британи Дилард, кои биле во возилото заедно со своите 3 деца. Децата биле извадени од возилото од локалци кои се нашле на местото на несреќата пред да се појави полицијата.

Убиецот, 42-годишниот Патрик Конли, бил пијан за време на несреќата, заради што тој според новиот закон на Тенеси, тој ќе треба да ги покрива трошоците за живот на сите три деца додека не наполнат 18 години.

Конли ќе одговара по уште најмалку пет основи.

Законот по кој Конли ќе треба до полнолетство да им плаќа оштета на децата е едногласно донесен во април 2022.

5 јануари 2023 - 15:05