Еден од руските воени инструктори во репортажата, главно посветена на српските доброволци, изјавува дека во редовите на баталјонот освен српски има и македонски, полски и белоруски доброволци, кои по завршување на обуката ќе бидат испратени на украинскиот фронт.
Освен ова, во видеото нема ниту една дополнителна информација околу македонските доброволци на руска страна, ни колку се на број, ни дали имало други пред нив што веќе учествувале во борбите, ни дали има загинати или доброволци што веќе се вратиле назад во Македонија.
Во разговорот се интервјуирани неколку српски доброволци, кои изјавуваат дека сакаат да им возвратат на своите „руски браќа“ за поддршката што и ја дале на Југославија во 1990-те и НАТО бомбардирањето на Србија, порачувајќи дека ќе останат колку што треба.