Членови на Конгресот побараа од секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, да сподели детали од истрагата за нападот на нигерискиот бегалски камп во градот Ран, кој беше нападнат под претпоставка дека е база на џихадистичката група Боко Харам.
Во бомбардирањето настрадаа повеќе од 160 цивили.
Иако нигериските власти ревносно ја признаа вината, во еден веќе обелоденет американски документ, масакрот во кампот се води како дел од заедничките „американско-нигериски операции“.
Досега познатите информации за случајот, сугерираат дека токму Американците ја започнале операцијата, доставувајќи разузнавачки информации и давајќи поддршка на нигериските вооружени сили што го извршија нападот.
Тоа што Пентагон молчи, во најмала рака покажува дека Департманот за одбрана, наспроти декларативните залагања за транспарентност, нема воља да се ангажира околу едно прашање кое тангира толку многу животи, па дури и дека можеби бега од одговорност“, велат од нигерискиот Хјуман Рајтс Воч.