227.534 Грци сметале дека Киријакос Велопулос е најсоодветниот човек да ги претставува во Европскиот парламент. Член на партијата со радикално име и иста таква, радикално десничарска политика, „Грчко решение“, тој е сепак најпознат по друга своја дејност - телешопинг и продажба на, најблаго речено, необични артефакти.