Во иднина сите Грци се приморани една третина од своите приходи да ја трошат електронски, а за неисполнување на квотата следуваат значителни финансиски казни.
Очекувањето е дека со оваа мерка грчкиот буџет годишно ќе собере уште околу 500 милиони евра во данок.
Под електронски, освен интернет, се подразбира користење дебитни картички, кредитни картички, банкарски трансакции и се останато што ќе остави каква било електронска трага за потоа државата да може да даночи. За неисполнување на оваа должност е предвидена казна од 22% на разликата до 30%.
Грција има најголема сива економија во рамките на ЕУ, а и во споредба со добар број држави вон Унијата.