Гледанка

„Дина“ (2021)

По епскиот неуспех на Ходоровски, не многу фалената верзија на Дејвид Линч, еве една гледлива и визуелно богата верзија на научно-фантастичниот класик. Дали е воопшто можно да се очекува нешто повеќе?

Што (не) е во ред со „Сквид гејм“?

Насловот на серијата во превод би требало да гласи „Игра на лигњата“, но така тешко дека од прва би сфатиле за што станува збор. Ако веќе сте ја гледале, знаете дека тоа е име на последната и одлучувачка игра, која го одредува победникот на морничав натпревар на живот или смрт. Ако не сте ја гледале, статијата ќе содржи (малку) спојлери.

„Кодот од милијарда долари“: судењето за Google Earth

Минисерија на Нетфликс во четири епизоди ја раскажува вистинската приказна за двајца интернет визионери од Берлин, кои 11 години пред Гугл да излезе со она што денес го има на секој смарт телефон, апликацијата Google Earth, ги поставиле основите на алгоритамот. Едно од прашањата кои се наметнуваат е - како до сега никој немаше слушнато за ова? И уште колку вакви приказни постојат?

Букбокс гледаше: „CODA“ (2021)

Насловот на филмот e напишан на латиница бидејќи е акроним, и на англиски означува „дете на глув родител“ (Child of Deaf Adult). Во случајов последниот збор треба да е во множина, бидејќи тинејџерката Руби Роси е ќерка не на еден, туку на двајца глуви родители. А исто така глув е нејзиниот брат. Да се биде единствениот аудио канал на семејството со светот за неа не е лесно.

„Моќта на кучето“ (Power of the Dog, 2021)

Кога правевме преглед на најинтересното од овогодинешниот Венецијански фестивал, еден од филмовите беше најновиот на новозеланѓанката Џејн Кемпион. Најпрвин вестерн, тој споро но сигурно се претвора во нешто поинакво.

„Роко“ (документарец, 2016)

Дали може филм за порно ѕвезда да не биде самиот порно? Овој успева во тоа, иако вашето чувство за истото ќе зависи од тоа дали и какви филмови за возрасни сте гледале до сега. Од друга страна, кој гледа документарец за Нина Симон ако никогаш не слушнал ниедна нејзина песна?

„Почит“ - нов биографски филм за Арета Френклин

Сите биографски филмови за дивите на џезот - без оглед дали се документарни или играни - како да личат едни на други. Талент од детство, предизвици да се најде вистинскиот менаџер, семејни конфликти, алкохол, дроги. Сето тоа прошарано со добра музика. И овој филм го следи истиот терк, едноставно затоа што тоа била судбината на овие црни жени. Неговата силна страна е во главната улога.

„Кликбејт“ (мини-серија, 2021)

За оваа серија толку многу се зборуваше што нејзиниот наслов се покажува како „самоостварувачко пророштво“: таа е „јадица“ на која човек лесно се фаќа, иако мамката на крај се покажува како не многу месесто црвче.

Новиот документарец за Боб Рос не е воопшто идиличен како неговите слики

„Боб Рос: весели грешки, предавство и алчност“ на Нетфликс може да ви го замрачи споменот на човекот со смирувачки глас и вешта четка. Не поради него, туку поради оние кои го опкружувале и експлоатирале, дури и мртов.

„Зелениот витез“ (2021)

Почнува релативно вообичаено - со кралска прослава и еден предизвик. Сè што следи оди контра сите очекувања од eпска фантазија со витези.

„Шефица на катедра“ (мини-серија, 2021)

Презабавна серија во шест епизоди за оние кои работат во високото образование, без оглед на која точка од планетава. За оние другите можност да се види како е да си од онаа страна на катедрата, со сите предизвици кои ги носи судирот на професорски генерации, „разбудените“ студенти и финансиската несигурност во академскиот свет.

Филм на Македокс: „Училиште за надеж“ (2021)

На неколку денови пред почетокот на новата школска година во која ќе се промовираат дигитални учебници, „хибридна“ настава и уште кој знае какви измислици на новото (не)нормално образование, филм за едно школо, во една пустина, до кое тешко се доаѓа и на магаре, и пешки.

„Балон“: вистинска приказна за бегство од Источна Германија

Во 1970-тите голем број жители на Источна Германија се обидувале да пребегаат на запад, со разни креативни стратегии и алатки. Еден од нив подразбирал самоделски направен балон за летање, како од роман на Жил Верн.

Филм на Македокс: „Рендгентска слика на едно семејство“ (2020)

Од денес, 19.8 до 26.8 на четири локации низ Скопје ќе се одржи 12-тото издание на Македокс. Овој филм на иранската режисерка Фирузе Косровани е еден од 70-те документарци на програмата.

„Зола“ - филмот направен врз основа на 148 твитови

Има нешто во читањето долга нишка твитови, особено кога некој раскажува бизарна, наводно вистинска приказна. Краткоста на речениците создаваат неизвесност, погодни се наративни скокови и неочекувани пресврти. Токму една таква пред неколку години беше раскажана на Твитер, а сега е преточена и во филм.

„Човекот што иташе: филм за Ентони Бордејн“ (Roadrunner, 2021)

Направен три години по неговото самоубиство, ова не е биографски филм за славниот патник и готвач. Повеќе е катарзичен обид на неговите блиски да одговорат на прашањето - „Зошто?“.

„Свиња“ (2021)

„Кејџ рејџ“, ама тивок. Ова би бил најточниот опис на филм во кој еден ловец на скапоцени тартуфи е во потрага по својата љубена. „Ја сакам“, изјавува тој во една сцена, целиот крвав и со солзи на очи. Мислејќи на својата свиња.

„Борген“ (серија, 2010-2013)

Нарекувана европска „Куќа од карти“, ова е серија за политичарите како професионалци, но и како луѓе. Најинтересни се замислените споредби со нашите.

„Џепниот Херкул: Наим Сулејманоглу“ (2019)

Седумкратен шампион во кревање тегови и трикратен добитник на златен медал на Олимписките игри, тоа е еден од најславните спортисти на сите времиња. Ова е филм за неговите спортски достигнувања, но уште повеќе за премрежјата низ кои поминувал како припадник на турското малцинство во Бугарија.

„Рипче“ (Little Fish, 2021)

Љубовна приказна која се случува среде пандемија. На вирус кој предизвикува заборав.

„Кеиф: македонска чалгиска традиција“ (2019)

Документарец на Блаже Дулев, со текст и нарација на Ристо Солунчев, ја вгнездува македонската чалгија во поширокиот историски и културолошки контекст на ориентот и го поврзува со западните влијанија. Истовремено претставува хроника на најважните чалгаџиски тајфи и поединечни музичари од Македонија.

„С е за Стенли“ (2015)

Eмилио - италијански имигрант во Британија, автомеханичар со потенцијал за тркач со Формула 1 и таксист. Кјубрик - славен режисер. Една вечер во 1970 Емилио треба да пренесе огромен порцелански фалус на локација каде се снима „Пеколниот портокал“. Така почнува приказната за нивната долгогодишна соработка и пријателство. 

„Самото по себе“ (In&Оf Itself, 2021)

Ова е еден од оние филмови за кои човек се мачи да најде зборови за да го опише на некој што не го гледал, а истовремено да го убеди да го стори тоа. Термините како „перформанс“, „мета-магионичарско шоу“ или „емоционална катарза“ звучат прекомплицирано за она што се случува на сцената на мал театар во Њујорк. А истовремено и многу точно.

Вистинската приказна за шпионите во „Курирот“ со Бенедикт Камбербач

Во нов филм на малку позната тема, Камбербач игра бизнисмен кој за време на студената војна пренесува тајни помеѓу западот и тогашниот Советски Сојуз. Негов контакт од другата страна е руски разузнавач. Нивната цел - одбегнување нуклеарна војна.