Bookbox

Грција не му дозволи на Јоргос Лантимос да снима на Акропол

Новиот филм на Лантимос, „Бугоња“, со Ема Стоун, Џеси Племонс и Алисија Силверстоун, треба да излезе во ноември 2025. Една сцена од него требаше да се снима на Акропол. Но поради „несоодветната симболика“ за еден ваков цивилизациски значаен споменик, властите во Атина го одбија.

Што е тоа „синдром на високи булки“?

Терминот бил популаризиран во Австралија и Нов Зеланд во 1980-тите и означува луѓе со забележителен јавен успех кои прекумерно си ги промовираат своите достигнувања. Критиката кон ваквите луѓе се нарекува „сечење“ на онаа булка која отскокнува од другите, но е многу постар израз кој има врска со еден тиранин.

Зошто старите Римјани престанале да читаат книги?

„Никој веќе не чита книги“. Без оглед колку вистина има во овој исказ, сигурно сте го слушнале често во последниве децении. Е, ама истото сте можеле да го слушнете и ако сте живееле во Рим во доцната антика. 

Жените кои служеле вино на бојните полиња

Вивандиерките се заборавени феминистички икони на француската армија. Нивното алтернативно име било „кантиниерки“, а ако ова ви асоцира на кантина - место кадешто се пие - тогаш сте на вистинскиот пат. 

Човекот кого Русија го заборави во вселената

Се викал Сергеј Константинович Крикалев, космонаут-ветеран со 803 денови, 9 часа и 39 минути во вселената. Сепак, неговото име најчесто се спомнува во контекст на неговата необична мисија од 1991, кога бил заглавен на небото над 300 денови поради распадот на СССР.

Кога кучето на Стајнбек му го изел ракописот за „Глувци и луѓе“

Прашањето беше поставено во новото издание на хрватскиот милионер. Ќе беше уште посмешно ако книга со таков наслов изеле глувци. Ама и вака пустиот Тоби стана славен.

Последниот предизвик на вештачката интелигенција - хуморот?

Смислата за хумор е тежок тест за ВИ. Нашите апарати нема вистински да бидат „паметни“ додека не научат како да нè насмеат. 

Забранетата песна за ќерката на еден генерал што се продала во 90.000 примероци

„Варвара саноќ седи на Глифада/лови морски лаврак и црн бранцин/Со јадицата в рака чека/ макарата да заврти“. Навидум безопасна песна за девојка што фаќа риба. Всушност, исмевање на ќерка на еден опасен политичар, во опасни времиња.

„Ако“ ден - кога Канада симулирала масовна инвазија на нацисти

Винипег, 1942. Армија „нацисти“ во холивудски костими го напаѓаат градот на -24 степени Целзиусови. И за неколку часа целосно го заземаат. 

Психопатите поинаку чувствуваат болка

Психопатологијата е поврзувана со убијци, озлогласени криминалци и вистински крими приказни кои доминираат во категориите документарци на стриминг платформите. Ново истражување покажува дека тие - психопатите - имаат сложен однос кон болката, што може делумно да биде одговорно за нивниот недостаток на емпатија.

Ботаниката и заборавената сексуална револуција

Опрашување, пчели и цветови. Денес ова се вообичаени метафори за секс. Токму поради ваквата природна асоцијација, дополнително промовирана како метафора за човечките интимни односи, имало времиња кога ботаничките проучувања биле сметани за толку контроверзни што биле цензурирани - за жените. 

Зошто не веруваме во неидентификувани летачки објекти? 

Верувањето во НЛО долго време сигнализираше некаков проблем со оној што промовира вакви идеи. Но во последно време нештата како да омекнуваат. Дури и НАСА покажува зголемен интерес во феноменот. Сепак, тврдењето дека постојат вонземјани кои не' надлетуваат се уште главно е дочекано со скептицизам, па дури и со обвинувања за благо лудило. Зошто?

Прстен кој преведува знаковен јазик во текст

Звучи како нешто од старите научно-фантастични серии. Но станува збор за нов изум - апаратче кое може да ја подобри комуникацијата со оние кои имаат проблеми со говорот и слухот. 

Монголската принцеза која ги предизвикувала своите додворувачи на боречки меч

Во голем број бајки од различни култури во светот, таткото кој не се согласува со изборот на зетот или клетва фрлена од вештерка ја спречува принцезата да си го најде шармантниот принц. Но нештата биле малку поразлични во Монголија во 13 век.

Скриената моќ на прашањата на кои нема одговор

Што е тоа прашање? Една тесна дефиниција вели дека тоа е чин на трагање по информации. Но голем број филозофски и духовни традиции сугерираат дека прашањата се нешто подлабоко - начин на отворање на умот, а не само на негово полнење. 

„Тезата на Ниче“ или колку се лажеме дека не нè лажат

Идејата за „епистемичка будност“ вели дека луѓето се природно обучени да детектираат лаги и да проценуваат колку можат да се потпрат на зборот на другиет. Но има и филозофи кои велат дека луѓето не се до толку прецизни детектори на лага како што се мисли.

Заборавената уметност на истражувањето од мерак

Во фрагментираниот ментален пејзаж, не ни требаат само дијагнози туку и рецепти. Како можеме да ги обновиме темелите на културата кога нашите опсези на внимание се компромитирани? Одговорот можеби лежи во повторното откривање на древното разбирање на слободното време - не како денгубење, туку како облик на насочена контемплација. 

Скриената медицинска анатомија на „Бакнежот“ на Климт

Подетално истражување на „Бакнежот“ открива група црвени форми во облик на диск на градите и колената на жената, кои необично личат на црвени крвни клетки.

Како ангелите помогнале да се развие модерната физика

Иако повеќето денешни физичари во најмала рака би биле резервирани дека некакви ангелски сили би можеле да ги објаснат природните феномени, без средовековното верување во вакви „суштества“, физиката денес би изгледала многу поинаку. 

Смрт, не дуј се!

Песна на Џон Дан (1609) во препев на Драги Михајловски.

Статуите во древна Грција и Рим не само што биле во боја, туку биле и - парфимирани

Митот дека овие статуи биле бели бил создаден и одржуван меѓу другото за да им служи на расистичките идеологии. Оригинално, древните уметнички дела биле во боја и, дополнително, убаво мирисале. Со тоа целата древна уметност добива нова, олфакторна димензија. 

Единственото што е реално

Aко деновиве плачете, сте гневни или сте активни во пружањето помош, тогаш сте во многу подобра позиција од оние кои се чувствуваат како да ја гледаат стварноста низ синтентичка завеса - како фатаморгана која бега кога ѝ се доближуваш. Koи не чувствуваат дури ни болка.

Нова ДНК анализа открива кога луѓето почнале да зборуваат (и од тогаш не заќутеле)

Истражувачите претпоставуваат кога единствената, регионална група Хомо сапиенс почнала да се разгранува. Тоа е истовремено и момент кој е одреден како најверојатниот кога луѓето веќе го користеле говорот за комуникација.