Денес во рубрикава ни гостува Љупчо, кој вели дека во работни денови брка работа со преводи, но за викенди сака да си одмори глава од зборови и фрази со бои, форми и фигури на картонски табли. Слободното време го посветува и на други креативни активности, како музицирање, пеење, но и истражување теми и полиња како митологија, натприродни појави, магиски практики, тарот и слично. И играта што ја одбра има малку врска со магија.