Bookbox

Леопарди, нилски коњи и мачки: првата зоолошка во светот

Иераконполис, главниот град на Горен Египет во текот на прединастичкиот период е место на првата зоо-градина во светот. Погребани заедно со елитните членови на општеството, археолозите тука пронашле коски од бабун, слон кој бил украсен (нашминкан) со бои и дотеран со ѓердани и алки, бројни мачки и кучиња, леопард, два крокодила, истребени видови диви волови, нилски коњи, газели и други животни.

Алис Ремзи - првата жена која со автомобил извозила од еден до друг крај на САД

Во јуни 1909, Алис имала само 22 години, а автомобилите биле сосема нов изум, со клупи наместо седишта. Авантуристка по дух, таа поканила уште три другарки и на еден дождлив ден во јуни тие тргнале од Њујорк кон другиот крај на Америка.

Што е тоа „галиматијас“?

Именка, машки род, со значење нејасен говор или писмен состав полн со бесмислици. Како во „текстот беше вистински галиматијас“. Интересен збор за кој етимолозите уште не можат да се договорат од каде потекнува.

Збогум на девојката од Ипанема: на 83 почина Аштруд Жилберто

Во 1963, без никакво претходно музичко искуство, со сензуален глас ја испеа песната која стана химна на бразилската музика. За жал „Девојката од Ипанема“ остана нејзин единствен хит, но обожавателите ја памтат и по соработките со Стен Гец и Чет Бејкер. 

Фатете се за слушалки!: 20 години од првиот подкаст

Јуни 2003 е забележан како датумот кога бил објавен првиот аудио подкаст. Од тогаш овој медиум на безброј начини го има потврдено своето место во медиумскиот простор. Кај нас тој се уште главно се сведува на интервјуа (со видео) или на долги монолози на теми кои се на невладината агенда на продуцентот. А сè што е потребно се лаптоп и микрофон. Добро, и другар што ќе монтира. 

Како „транспарентноста“ е поврзана со историјата на - прозорците?

Терминот „транспарентност“ стана мантра на епохата. Тој е клучен за западното разбирање на либералното општество. Очекуваме транспарентност, достапност, видливост од политичките институции, од корпорациите, од медиумите. Но како таа стана толку моќна и глобална идеја?

Пример за „не се откажувај“: џокејот што победил во трка иако бил мртов

Во историјата на трките со коњи, еден човек има посебно место. Френк Хејс ја добил првата и за жал последна трка во својата кариера на коњот Сладок бакнеж и покрај тоа што, благо кажано, бил во тешка здравствена состојба. Излегло дека бакнежот бил смртен.

За вештачката интелигенција: интервју со Кристе Крстовски, наш човек на Универзитетот Колумбија

Секоја приказна на наш млад исселеник е посебна, но за да биде успешна таа секогаш мора да содржи неколку основни елементи: многу трудољубивост, моменти на носење исправни одлуки и секако малку среќа. Од ова исцрпно интервју со Кристе, некогаш скопјанец денес њујорчанец, изгледа дека тој ги спакувал трите нешта во едно. Техничките детали и термините кои се тешко преводливи на македонски се оставени во оригинал, но оние во браншата сигурно ќе ги разберат, а другите можеби нешто и ќе научат. 

Како Америка за малку ќе станела земја на одгледувачи на - нилски коњи

Во 1910 еден неуспешен законски предлог требало да ја зголеми достапноста на евтино месо преку увоз на нилски коњи. Од оваа „езерска крава“, како што ја нарекол Њујорк Тајмс, би биле правени вкусни колбавчиња и сланинче. 

„Тука ѓубрето е спакувано како да е свадбен дар“ - патеписите од Швајцарија на Десанка Максимовиќ

Во Народната библиотека во Србија е отворена изложба по повод 125 години од раѓањето (16 мај 1898) на поетесата чии стихови од „Крвава бајка“ ги памтат оние кои се образуваа во поранешна Југославија. Истовремено, се навршуваат и три децении од нејзината смрт, на возраст од 95 години. На своето последно патување била во Швајцарија, од каде донела и репортажи кои до сега беа малку познати.

Дали некогаш сте гестикулирале со трепка или со колено?

Прв пат објавен во 2005, овој прирачник за телесни гестови содржи 850 движења, вклучувајќи го целото тело од усни до колена. Кој би рекол дека дури и со трепки човек може да зборува?

Карло Гезуалдо - генијален композитор или пореметен психопат?

Ја убил жена си и нејзиниот љубовник. И потоа напишал една од најмрачните и најмоќните композиции на сите времиња. За него дознавме од сцена во филм за друг повеќекратен убиец, „Вистинска приказна“. 

Детекторот на лага од 1920 кој ги терал криминалците да се исповедаат на - скелет

Во 1927 Шелби Хелен Аделејд регистрирала патент - апарат за извлекување признанија од криминалци и нивно фотографирање. За овој пронајдок може да важи изреката која му се припишува на Лери Пејџ, ко-основачот на Гугл - „Добрите идеи се секогаш луди, сè додека излезе дека не се“.

Репортажа: Птиците на Цоцев камен

Птичарењето можеби е геријатриско хоби, освен ако си почнал со него рано. Е, тогаш е идентитет. Така вели нашиот денешен гостин, Илија Дуковски, кој последниот пат кога беше во Македонија прв пат слушна дека постои локација која се вика Цоцев камен. Но не му требаше два пати да стане в мугри и да го посети, со двоглед во едната, и фото-апарат во другата рака. Зошто? Затоа што таму има многу птици. 

Готвење, манастири, математика: кратка историја на правилата

Историчарката на наука Лорејн Дастон е авторка на книга „Правила: кратка историја на она кон што се придржуваме“. Oпишана како „панорамски преглед на правилата на западниот свет“, таа го трасира развојот на правилата од древни до модерни времиња, притоа земајќи предвид извори како сообраќајни регулативи, правила за играње игри, готвачи и воени прирачници.

Букбокс друштвени игри: „Тhe Mind" (Умот) или зошто едноставното е најдобро

Самоил го знае (или би требало да го знае) секој кој дошол во допир со друштвените игри кај нас. Зошто? Затоа што е еден од сопствениците на единствената специјализирана продавница Гоблин, затоа што е дизајнер на игри и затоа што е толку искусен во нив што знае дека возбудлива игра не мора да се состои од милион парчиња и големи табли, туку само од шпил карти и добро друштво. Aтомско склониште викаше „За љубав треба имат душу“. За играње на оваа игра требаат повеќе разиграни умови. 

Едноставно најдобра: кога Тина Тарнер сруши Гинисов рекорд

По смртта на Тина Тарнер на 24 мај на возраст од 83 години, фановите од целиот свет ѝ одаваат почит на кралицата на рокенролот и ги слават нејзините достигнувања, меѓу кои 150 милиони продадени плочи и 12 Греми награди. Но меѓу сите нив, има едно кое поретко се спомнува.

Бен Кингсли го игра Салвадор Дали во „Далиленд“

После улогите на Махатма Ганди (за којашто доби Оскар) или Жорж Мелиес или Димитриј Шостакович, Кингсли впишува уште еден јак лик во својата актерска биографија. Предизвикот е уште поголем поради партнерката во улогата на сопругата на Дали, Гала.

Единствениот (загрозен) јазик чија граматика е заснована исклучиво на човечкото тело

Семејство на еден загрозен јазик, андаманскиот, сугерира дека раните луѓе ја користеле човечката анатомија како модел за реалноста. Сето зборообразување е поврзано со седумте зони на човечкото тело, кое така станува вистинска оска на светот. 

Од каде била преземена традицијата на слетови за некогашниот Ден на младоста?

Еден од симболите на социјалистичка Југославија, големиот гимнастички „хепенинг“ на 25 мај во Белград, е преземен од Соколскиот сојуз, формиран во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Негова цел била создавање физички здрава младина, задоена во „духот на словенската солидарност“. Најголем проект на движењето била изградба на дотогаш невиден стадион во Белград, кој се отворил со сесоколски слет во јуни 1930.

Кардио и книги: прва библиотека во која можете да читате додека вртите точак

Библиотеката во Утрехт, Холандија, воведе велосипедски штандови, овозможувајќи им на читателите ем да читаат, ем да вежбаат, ем да си ги полнат мобилните додека вртат.

Колку тажно, колку прекрасно: мистеријата на Кони Конверс, „женскиот Боб Дилан“

Нова книга под наслов „За сите што некогаш ќе прашаат: животот, музиката и мистеријата на Кони Конверс“, новинарот и музичар Хaуард Фишмен го истражува талентот и животот на кантавторката за која малкумина знаат.

Музеј што нуди тетоважи инспирирани од Рембрант

Проектот „Рембрант за сиромашни“ во текот на неколку дена во јуни ќе им овозможи на посетителите да си направат постојана тетоважа по углед на делата на уметникот од 17 век. Цената е од 100-250 евра, а ќе ги прават четворица познати тату-мајстори од Холандија. 

Која била ќерката на Клеопатра?

Документарниот филм „Кралицата Клеопатра“ во четири епизоди, актуелен на Нетфликс, има „шокантно“ низок рејтинг и кај публиката и кај критичарите. Контроверзите се должат на тоа што за главната улога во симулациите на владеењето на египетската кралица е одбрана црна глумица, нешто за што реагираат дури и официјалните власти во оваа земја. Но како и секогаш, оваа бура актуелизираше споредни теми - на пример тоа дека Клеопатра имала малку позната ќерка-владетелка.