Bookbox

Најстарата компанија во светот е јапонска градежна фирма за будистички храмови

Се вика Конго (со долго последно о) Гуми и опстанува неверојатни 1500 години. Името може да се преведе како „неуништлива група“, и ако се суди по досегашната традиција тоа е вистинито.

Заборавете на музичари што полнат стадиони, на ред се - подкастери!

Освен големите имиња, кои можат да наполнат стадиони ама пак се соочуваат со безбедносни ризици и откажувања, музичарите генерално тешко продаваат големи концерти. Но има една појава која е истовремено необична и некако разбирлива. Луѓето полнат сали и цели стадиони за да слушнат и да учествуваат во нормален човечки муабет.

Крадец фатен затоа што се зачитал книга

Ова е една од оние вести „лајтерици“ во која можеби има и измислени моменти. Но одлично звучи за расказ или краток филм, a богами можеби е одличен маркетинг за спомнатата книга. 

Сте забележале дека бројни ликови од цртани имаат само 4 прсти?

Откако еднаш ќе го дознаете овој факт ќе се фатите како им се загледувате во прстите на сите од Симпсонови, Том и Џери, Дизни. Како една ваква необична карактеристика - четири наместо пет прсти на антропоморфните ликови - станала нормална за цртаните? 

Oва ни треба: јавен телефон со вицови

Некогаш вообичаена појава, денес јавните телефонски говорници или ги нема, или пак стојат во прашина и пајажина, просто од немукает некој да дојде и да ги отстрани. Но некој се сетил од овој ретро-артефакт да направи нешто корисно.

Најголемата љубов на Ален Делон

Кариерата на славниот француски актер, кој неодамна почина на 88-годишна возраст, бил исполнет со жени. Но само за една има изјавено дека била љубовта на неговиот живот. 

Букбокс друштвени игри: „Флејмкрафт“ или како да си зборувате со змејчиња дур печете лепче

Често кога ќе се спомнат змејови било во игри, литература или поп-култура ги замислуваме оние огромни страшни суштества со громогласни звуци кои уништуваат со оган сè што ќе најдат пред себе. Таа слика е далеку од вистинитата во оваа друштвена игра во која ние како зборувачи со змејови коегзистираме со мали слатки змејчиња во магично гратче, бркајќи ги секојдневните обврски како креирање магични напитоци и...печење лепче.

Букбокс интервју со Бојан Тантуровски: „Градина“ е за луѓе кои обработуваат запуштено државно земјиште и нè учат што е вистинска урбаност

Документарецот за „герила“ градинарските парцели близина на Вардар во Скопје се работеше пет години. Светската премиера ја имаше во Белград на фестивалот „Белдокс“ во мај. На 20-ти август (вторник) во 20:30 во Куршумли-ан, во рамки на „Македокс“, напорната работа конечно ќе вроди со плод. Ова е приказна за Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин и нивните тикви и домати. Но и истражување на конфликтот помеѓу човечката потреба да дава и да црпи од земјата и силите кои притоа буквално го затрупуваат.

Не сме саде ние - древните египетски писари имале професионални деформации на 'рбетот

Мажите кои биле писмени уживале привилегирана позиција во древното египетско општество во третиот милениум п.н.е. Ама тоа си земало свој данок, во време кога немало ергономски фотељи.

Прашање на денот: колку камили има во Австралија? 

Како во онаа рубрика „Верувале или не“, Австралија го има најголемото стадо диви камили во светот. На властите им е преку глава од нив и ги имаат прогласено за штетници. Ама како воопшто дошле на овој континент?

Карло Педерсоли - актерот и Олимпиец што не го знаете под тоа име

Генерациите растени по скопските кино сали многу добро ги знаат филмовите, акции-комедии италијански вестерни, со Бад Спенсер и Теренс Хил. Е па, вистинското име на Бад е Карло, а неговата биографија, која ја дознаваме дури сега, е многу поинтересна отколку што очекувавме.

Денес во САД можеше да има држава што ќе се викаше Абсaрoка

Во 1930-тите, осиромашените фармери и ранчери се залагале за формирање на тогаш 49-та држава која би се состоела од територии на северен Вајоминг, југо-источна Монтана и јужна Дакота. Дури и без детали за приказната јасно е дека не успеале. Но обидот се брои, а се памети и првата и последна Мис Абсaрoка.

Кога помладиот брат на Хемингвеј воспоставил „пловечка република“ на Карибите

На 4 јули 1964, Лестер Хемингвеј ја основал Новата Атлантида, микронација која требало да го поддржува поморскиот живот во регионот. Донкихотовски експеримент или просто потег на човек што сакал да излезе од сенката на многу попознатиот постар брат?

Жената која била погребана во своето „Ферари“

„Во моментот кога ќе го пиете вашето второ кафе, Сандра Ајлин Вест ќе биде погребана во својот скап автомобил“. Вака почнувала статија во весникот Сан Антонио Експрес во мај 1977.

Како гласи зборот за кога не можеш да се сетиш на зборот?

Најчеста замена за вистинскиот збор во момент на „блокада“ ни е - абе она, онаквото. На англиски описот на таквата ситуација е „брејн фарт“ или мозочен испрдок. Но феноменот има и по „фенси“, академски назив.

Колеги и пријатели - праќање мемиња и „риплај ол“ мејлови се лоши за климата

Не сме сигурни дека сме толку загрижени за климата, колку што си бараме уште една причина како да укажеме на оние што нè ставаат во ЦЦ на мејлови кои не се за нас да престанат да го прават тоа, или кои место одговор на човечко прашање праќаат двосмислени сличиња. Можеби нив ќе ги убедиме со овој аргумент. 

Најголемата измама во олимписката историја

Во 1956, воочи летната Олимпијада во Сиднеј, околу 3000 тркачи го носеле Олимпискиот оган низ Австралија. Но една група студенти решила да протестира против ваквата парада, поради нејзината поврзаност со нацизмот.

Првото селфи во историјата

Во 2013 Оксфордскиот речник на англиски јазик соопшти дека „селфи“ е прогласен за збор на годината. Но обидите да се регистрира сопствениот лик низ фотографскиот медиум се многу постари од тоа.

Како започнала традицијата на читање книги на плажа?

Поголем број навики кои ги поврзуваме со топлите месеци можат да се трасираат до 19 век, кога индустријализацијата и напредокот во транспортот ги поставило основите за летен одмор онаков каков што го знаеме денес. 

Дали може вревата од спортските настани да биде претворена во струја?

Тинејџерка која ја користи гаражата на нејзините родители за експерименти, последниве неколку месеци се обидува да конвертира вибрации произведени од звучни бранови во спортски арени во струја. Била инспирирана од филмот „Чудовишта“ на Дизни каде енергијата се добива од врисоците на деца. 

Без сатира сме при очи слепи

Наша теорија за битката на Беласица е дека она што се случило по неа со војниците на Самоил всушност било превентивно вадење едно око, за еволутивно Македонецот никогаш да не стекне амбиции за трето. Ама заборавиле на внатрешното око, она севидечкото, кое не само што гледа, туку и прекорно суди. 

Единственото интервју што Бекет го дал по добивањето на Нобеловата во кое не кажува ни збор

Авторот на „Последната лента на Крап“ и „Чекајќи го Годо“ е познат по експериментирањето и апсурдноста. Но изгледа ваквите принципи не ги применувал само во пишувањето, туку и во животот. 

Букбокс гледаше: „Сенката на командантот“ (2024)

Документарен филм, достапен на ХБО, кој е најдобро да се гледа пред или по оскаровецот „Зона на интерес“. И кој, ако е тоа воопшто можно, му дава дополнителна тежина.