Bookbox

Џејмс Ерл Џонс како дете не зборувал цели осум години од срам што д'ткал

Актерот со веројатно најславниот глас во филмската историја почина на 8 септември на 93 години. Но многу пред да им го позајми гласот на Дарт Вејдер или на Муфаса, тој имал проблем со пелтечење кој се заканувал никогаш да не проговори пред непознати.

Почина правнукoт на Достоевски чиј живот звучи како од роман

Дмитри, правнук на Фјодор Михајлович Достоевски, почина во средата, 04.09., на 79 години. Бил внук на едно од четирите деца на славниот писател, кој исто така се викал Фјодор. Последното од неговите десетина работни места било возач на специјален туристички трамвај во Санкт Петерсбург, кој застанувал на значајни места поврзани со неговиот предок.

Направете да е незгодно

„Незгодноста“ на некоја ситуација, однос или настан, наместо да биде повод за тревожење, може да послужи како можност за поинаков начин на пишување на социјалното сценарио, oдносно пополнување на дупките кои тоа ги содржи кога се во прашање табуизирани ситуации.

Не можел да спие, па си купил ТВ станица за да си пушта филмови

Милијардерот Хауард Хјуз си се досетил како да си „стрима“ своја програма децении пред Нетфликс и ХБО. Гледачите биле среќни што конечно можеле да имаат 24-часовна програма, но неговите каприци ги излудувале.

Политичари кои победиле на избори и покрај тоа што биле - мртви!

Во текот на американските избори од 2018, човек по име Денис Хоф - ѕвезда на реално шоу од Невада, сопственик на бордел и автор на книга под наслов „Уметноста на тоа да си макро“, се кандидирал за позиција во собранието на матичната држава и успеал да ја добие. Притоа имало само еден проблем: Хоф бил мртов. И ова не е единствен ваков случај.

„Госпоѓица Меркел“: поранешната германска канцеларка како детектив

Со оглед на тоа колку малку се знае за тоа како ги поминува пензионерските денови, Ангела Меркел би можела и навистина да е аматер-детектив како што е прикажана во оваа серија.

Да не се претера со стоечките овации по фестивали?

Проекцијата на новиот филм на Алмодовар во Венеција доби 17-минутен аплауз. И ова е само еден од бројните примери во последно време на ракоплескања по премиери кои се натпреваруваат во должина, без тоа да има некоја голема врска со реалниот квалитет на филмот.

Не толку убавото потекло на изразот „книшки молец“

На прво слушање, да бидеш опишан со придавка која има врска со книги би требало да укажува на начитаност и интелектуалност. Ама штеник од типот на црв или молец?

Докторот што го измислил стетоскопот затоа што му било незгодно да го става увото на женски гради

Рене Лаенек бил француски музичар, изумител и доктор, кој го запечатил своето место во историјата со голем број значајни придонеси кон медицината. Сепак, најважниот помеѓу нив е еден од симболите на медицинската професија - стетоскопот. 

Секс, убиства, утопија: како завршил обидот на петмина Европејци да живеат на пуст остров

На почетокот на 1930-тите, група Европејци, главно составена од Германци, одлучиле да остават сè зад себе и да се преселат на изолиран остров. Што може да тргне наопаку помеѓу два пара и авантуристички настроена тројка? Наскоро за нив пишувале светските медиуми.

„Празен стомак или кому му припаѓа светот?“- цензурираниот филм на Бертолд Брехт од 1932

Невработеност, самоубиства, бездомништво. Филмот снимен според сценарио на Брехт зборува за ситуацијата на почетокот на 1930-тите во Германија, кога многумина биле со празен стомак и морале да живеат под шатори во близина на главниот град. На времето бил забранет поради своите критички (комунистички?) пораки, а властите исекле дури 230 метри од оригиналниот филм.

„Си ја продадов шапката за вино“: исповеди на студенти што ги прекршиле правилата

Воочи почетокот на новата школска година и во тек на факултетските уписи, да видиме како во минатото се пишувале писма на покајание до администрацијата на образовните институции доколку некој се огрешел од кодексите на однесување. 

Бугарската сугестологија

Насловот звучи како нешто што има врска со политика и нашите маки со соседот. Но „сугестологија“ или „сугестопедија“ е експериментална гранка од педагогијата, која истражува начини на забрзано учење. Aвторот на теоријата е Бугарин.

Кјур ќе објават две нови песни на еко-винил

„Ништо не е засекогаш“ и „Никогаш не можам да кажам збогум“ ќе бидат достапни на 1 октомври, на пластика која е најподатна за рециклирање. Сиот приход ќе оди во организацијата чиј ко-основач е Брајан Ино.

„Нудистички раеви“ - нова изложба во Марсеј дозволува голи посетители, под еден услов

Музејот на Медитеранот или МУЦЕМ, како што вели и самото име, е мултидисциплинарна институција која комбинира антропологија, историја, археологија и современа уметност за да го прикаже широкиот спектар на медитеранскиот свет и неговиот дијалог со Европа. Е сега тој музеј дозволува и посетители-нудисти, на нова изложба посветена токму на нудизмот.

Човекот кој можеше да си ја сврти главата наназад

Мартин Лорело ја шокирал публиката секаде кадешто ја изведувал својата точка. Не се знае како, можеби од раѓање а можеби од повреда, но вратот му овозможувал поголема флексија од вообичаената за човечко суштество - всушност можел да ја врти главата за 120 степени, така за да гледа наназад и истовремено да пие пиво. 

По речиси 100 години прв пат ќе биде прикажан нем филм за Шерлок Холмс

Главна улога во „Златниот монокл“, како што гласи насловот на филмот снимен во 1922, е на Илај Норвуд. Снимката е неодамна реставрирана од страна на Британскиот филмски национален архив. 

Одговорниот за маркетинг си заработи отказ поради контроверзниот трејлер за новиот „Мегалополис“ на Копола

Приказната почна пред отприлика една недела кога излезе трејлерот за долго очекуваниот, самофинансиран филм на Копола од 120 милиони долари. Во него имаше цитати од критики за кои се утврди дека се лажни, односно најверојатно генерирани од ВИ. Трејлерот е повлечен, а одговорниот за маркетинг отпуштен. Иако, рака на срце, идејата не му била лоша.

Српскиот научник што ја реши мистеријата на ледените доба

За Милутин Миланковиќ, иако е од нашето соседство, до сега не бевме слушнале. А има интересна приказна - научно откритие до кое дошол додека бил во притвор за време на Првата светска војна, а поради кое денес се наоѓа на српска поштенска марка и динарска банкнота. 

Масив Атак го одржаа најеколошкиот концерт на модерното време

Настанот во родниот град на пионерите на трип-хопот, Бристол, се најавуваше како концерт со најниско ниво на јаглеродни емисии до сега. Членовите на бендот се надеваат дека нивните 25-годишни еколошки залагања ќе бидат следени и од други музичари. 

Лондонскиот музеј одбра нова маскота - гулаб што врши нужда

Лондонскиот музеј неодамна ја смени локацијата и по тој повод одбра ново лого - бел порцелански гулаб, а под него златен размачкан измет. Тоа, според директорката, била метафора за Лондон. Хм...

Што сонувавте ноќеска?: соновници со шифри за добивка на лото

Во 1920-тите во САД биле популарни тн. „дрим букс“ или соновници, кои ги поврзувале нештата видени на сон со конкретни бројки од игрите на среќа. Денес се реткост и достигнуваат висока цена на сајтовите за антикварни книги. Ама затоа пак има апликации и сајтови на кои можете да го сторите истото. 

Алгоговор: „огледалниот“ речник развиен на ТикТок како резултат на неговата цензура

За да го заобиколат алгоритамот на ТикТок, кој бескрупулозно цензурира одредени теми, корисниците имаат креирано алтернативен речник - „наци“ е „јаци“, „убивање“ е „oдживување“, „порн“ е „корн“. Нешто од сето ова се прелева и во таканаречениот реален живот.

Кога Орвел ја рецензирал „Мајн кампф“ на Хитлер

Кога во март 1940 излегло второто издание на англискиот превод на Хитлеровата озлогласена автобиографија, Орвел решил да објави осврт во кој навлегува во коренот на токсичната харизма на нацистичкиот лидер. Ова меѓу другото го направил затоа што предговорот на првото издание го претставувал нацистичкиот водач како човек за почит.