На 31 октомври оваа година публиката беше сведок на необичен концерт, на кој робот-челист, заедно со човечки музичари, изведе концерт во живо. Композицијата е на шведскиот музичар Јакоб Мулрад, а роботот-инструменталист, како што доликува има и име и се вика Вир (бот).
Критичарите кои до сега оценувале луѓе, а не машини, за оваа велат дека не станува збор за груба машина која само провизорно го тегне гудалото врз жиците. Вир свири и вибрато и стакато - сето тоа однапред програмирано. И името на делото се поклопува со револуционерноста на изведбата и гласи - Концерт за виолончело број 1.
Достигнувањето е специфично со оглед на сложеноста која ја вклучува свирењето жичан инструмент. За разлика од инструментите како пијано, каде притискањето одредена типка произведува специфична нота, челото бара прецизно поставување на прстите за да се постигне точниот тон. Способноста на роботот да го прави ова претставува значаен технолошки напредок во сферата на вештачката интелигенција и роботиката.
Еве како звучи тоа: