Прво и основно што Шон Пен сака да разјасни е дека со Ел Чапо се виделе неколку месеци пред да биде уапсен, и дека тоа не било ни приближно близу до местото во кое е уапсен.
Шпанска парламентарка (од новоизбраните) одлучува своето бебе да го донесе на работа, ама не во бекстејџ, туку на нејзиното место во главната сала за седници на Парламентот.
Четири години по ред најгуглана личност во Индија е Сани Леоне, истата која десет години по ред е една од најактивните девојки во американската порно индустрија. Ќерката на индиски имигранти во Канада, одлучи да се врати во Индија за да започне филмска кариера во Боливуд, каде дури и бакнувањето пред камера претставува табу.
Еден амандман на вашиот оптимизам дека некогаш ќе ви се падне на лото вака ги поставува работите: коментарот на статистиката дека секој 4-ти што пишува пораки додека вози загинува во сообраќајка најчесто е "тоа не може да ми се случи мене"; коментарот на тоа дека веројатноста да добиеш на лото е милиони и милиони спрема еден најчесто е "никогаш не се знае".
Само два дена пред од гаќи да нè извади веста за смртта на Дејвид Боуви, на сајтов ги објавивме неговите одговори на познатиот Прустов прашалник во кои тој ги покажува сите свои чудесии и убавини на неговата неконвенционална мисла. Како помина таа статија? Рамно осум (со бројка 8) Фејсбук споделувања. Два дена потоа, сведочиме за едно масовно "Eдно Боуви имаме, во душава го носиме".
Се вика Мајкл и има тежок ден. Работи 9 часа дневно како екстерминатор на бубачки, што веќе станува физички истоштувачки за 45-годишникот кој нема завршено колеџ и кој заработува по 33.000 долари годишно, а приходите му зависат од постојан прилив на штетници кои ги вознемируваат луѓето во неговата 90% рурална област.
Чисто американска дилема која се појави откако минатата недела не се падна 800 милиони долари вредниот џек-пот на Пуербол, па за ова коло истиот стигна до 1,3 милијарди долари. Иако шансите да ти се падне џекпотот се блесаво минимални, тоа не ги спречува луѓето уште од сега да прават список на кого ќе му поклонат пари, што кола ќе купат, куќа или остров.
Минатата година човечката цивилизација (само на Порнхаб) има изгледано 87,8 милијарди порно видеа, на кои се потрошени над 4,39 милијарди часови, што како количина време е 2,5 пати подолго отколку што хомо-сапиенсот е на Земјата.
Стив Сиболд е студент (со студентски пари) кој обидувајќи се да стане богат решава за тоа да ги консултира луѓето кои навистина имаат пари – мултимилионери па нагоре - и од тоа да извади НЗС од нивните совети. Сето ова почнува со интервју со еден милионер, до денес има разговарано со над 1.200 богаташи.
Група активисти за заштита на околината позираат како група бизнисмени од секторот нафта и јаглен заинтересирани за заштита на профитот, за да покажат колку е лесно да натераш факултетски професор да каже што и да сакаш да каже. Не со виткање рака, туку со пари.
Нов канадски затвор вреден 40 милиони не бил отворен само затоа што ќе останел таков, отворен, и кога би бил отворен. А затворот обично треба да е затворен.
Италијанските статистики се дека годишно во земјата 30.000 луѓе умираат од загаден воздух. Инстантните решенија на оваа тема ставија пред стрелачки вод некои крајно автохтони состојки од италијанскиот начин на живот.
Функционери низ цела Русија за празниците на подарок добија книга од 400 страни со "пророчки" цитати од претседателот Владимир Путин. Колекцијата е под наслов - Зборови кои го менуваат светот.
Речиси е правило секој глобален настан инстантно да е проследен со "ви реков" момент меѓу луѓето што веруваат во теории на заговор, кои одма ја дава својата верзија на вистината, гранитно изградена на најтенките пропусти во официјалната приказна, најчесто преплетена со претходни конспирации. Исто така, стана правило секоја нова завера инстантно да се шири, без никаква препрека од здрав разум или логика.
Оптоварена со поплави, шумски пожари и други природни настани, Русија се загрева 2,5 пати побрзо од просекот на планетата, соопшти надлежното руско министерство.
Правото на глас на обичниот граѓанин не ги дава оптималните резултати, ниту пак резултатот од нивното гласање и избор на најдобриот кандидат што го имале на располагање. Зборуваме за изборот на играчи за Ол-Стар викендот на НБА.
Во четвртокот Фолксваген објави дека го ангажирале адвокатот Кенет Фејнберг, да помогне во програмата за исплаќање отштета на возачите на "штелувани" дизел автомобили. Фејнберг е истиот човек кој го раководеше делењето отштета на жртвите од 11-ти септември и маратонот во Бостон.
Група Норвежани започнаа кампања за нивната држава да и даде цела една планина на Финска како подарок за 100-годишнината од независноста на нивниот сосед. Зошто баш планина? За и Финска да има барем една планина.
Главните вестите годинава беа масовно убиство, масовно убиство, масовно убиство, дали фустанот е син или бел, масовно убиство, геј права, геј не права, нов водител на Дејли шоу, масовно убиство, Ѕвездени војни.