Разно

Големото данско срце

За да не биде запаметена само по пораката до бегалците што ја објави по весниците низ арапскиот свет "Не доаѓајте тука", Данска одлучи да фати да работи со бегалците околу нивното сместување во земјата. Конкретно, како на влез во Данска да им го конфискува целиот накит на бегалците, како надомест за трошоците за сместување во земјата.

Вегетаријанците се штетни за планетата

Аргументот е дека јадењето месо е апсурдно неефикасно и троши запрепастувачки количини на ресурси. Обработувањето на овие ресурси троши дополнително многу енергија, и целиот овој круг ослободува толку многу штетни гасови, што Земјата се топи кај што ќе стигне. Заради ова и О.Н. го препорачува вегетаријанството како еден од начините на кои може да и се помогне на планетава. Ок, ај сега полека малку.

Трагичната слика што и даде лик на бегалската криза

Истражувачи анализираат како сликата од 4-годишниот Ајлан Курди го смени целиот начин на кој зборуваме за бегалската криза. Избрана е конкретно оваа слика затоа што во рок од 12 часа беше прикажана на 20 милиони екрани низ светот.

Песимистички водич за светот во 2016

Најлошите работи кои следната година би можеле да му се случат на светот. Најлоши базирано на некакви издржани политички, економски и геостратешки процени, не Холивуд најлоши во форма на апокалипса, Годзила, Десептикони или Локи. Трамп како претседател останува сива зона меѓу Холивуд и реалноста.

Што после спомениците?

Споменичниот блицкриг кој го доживеа Скопје последниве години, САД го имаа во првата половина од минатиот век. Денес таму е актуелна дебатата што после мермерот кој ја одразуваше тогашната но не и денешната Америка. Како и во што една држава денес да ги впишува вредостите и спомените кои сака да ги остави во колективната меморија?

Полицијата на Токио почна да користи ловци на дронови

На почетокот од годинава дрон кој носеше радиокактивен песок слета на покривот од канцеларијата на јапонскиот премиер. Не беше некој директен напад, туку повеќе стануваше збор за протест против политика на Јапонија за нуклеарна енергија.

Уште утре би си одел дома

Тарик Аџаџ е човек кој бегајќи од ИСИС и војната од Северен Ирак стигна до Финска. По неколку месеци таму, Тарик е доволно пишман што некогаш стапнал во земјата за да инсистира да го вратат назад.

Зборот заради кој ќе пропаднеа климатските преговори во Париз

По неколку години подготвување и две недели непрестајни преговори, меѓусебни компромиси и ценкања, судбината на целиот договор од Париз во саботата се сведе на еден единствен збор.

Луѓето што шверцуваат цигари во калифатот

Во пакетот мерки што ИСИС ги воведува во секој град што ќе го освои регуларно доаѓа и забраната за алкохол и цигари. Забрана која е универзално омразена без разлика дали ја воведуваш во некое парче пустина или сред метропола. Уште една карактеристика на оваа забрана е што до сега никој во свет не успеал 100-процентно да ја спроведе, без разлика он што мисли.

Кромид гледа, Ел Чапо вади

Веста дека дури сега ќе дојде крајот на ИСИС, откако се згрешија и го изнервираа Ел Чапо (која оди по маалската логиката дека мексиканскиот картел некако е воено поподготвен од Русија или САД), која беше пренесена од Фокс, Њујорк Пост, Форбс и речиси се што индексираат македонските агрегатори, ниту е точна, ниту е вистинита, туку е чиста сатира, ако може да му се верува на човекот што ја напишал.

Американскиот лото џек-пот од 6,4 милиони долари се падна во Ирак

Добитник на Мегабакс џек-потот на лотаријата во Орегон е ирачки Курд кој живее во 12 илјади километри оддалечениот Багдад.

Уметност ли е, обид за убиство од прв степен ли е?

За време на изложба во Арт Базел галеријата во Мајами, пред цел народ, жена вади нож и прободува друга жена во раката и во вратот. ТАДАААААААМ.

За логиката на наградите

Текстот е напишан откако Марлон Џејмс ја добива Мaн Брукер наградата за неговата книга, на што претходеше Нобеловата за литература за Светлана Алексиевич, што се случи некое време откако беа објавени Мекартур стипендиите (или Гениј грантовите).

Како шоуто на Џери Спрингер преживеа 25 години

Две години откако Girls Gone Wild објавија банкрот, и во истата година кога Плејбој објави дека малку ќе ја смири својата содржина, Џери Спрингер наполни 25 години постојани блесаво високи рејтинзи.

Макс Закерберг доби писмо од родителите

Марк Закерберг и жена му ѝ пишаа писмо на нивната штотуку родена ќерка Макс дека ќе раздадат наоколу 99 посто од нивните акции во Фејсбук. Ние сувопарно ќе ви ги пренесеме фискалните аспекти на сторијата а за човечкиот момент, наш Дарко има еден преубав омаж на темата. 

Порно ѕвездите против Џејмс Дин

Откако Стоја го обивни својот колега и поранешен дечко дека ја силувал, уште неколку жени од индустријата се приклучија на обвинувањата против Џејмс Дин (James Deen не James Dean).

Климатската конференција во Париз ќе емитува 260.000 тони ЦО2

Официјалното име на конференцијата е "United Nations Framework Convention on Climate Change twenty-first session of the Conference of the Parties and the eleventh session of the Conference of the Parties serving as the meeting of the Parties to the Kyoto Protocol," наслов кој сосема оправдано ги заслужува сите 22.000 илјади официјални претставници кои ќе се соберат во Париз.

Проблемот со чекањето во ред не е чекањето во ред

Едно од првите (анегдотални) решенија за проблемот со поплаките околу чекање во ред (во случајов пред лифт), доаѓа од 50-те од зграда од Менхетен, каде по сите инженерски обиди нешто да се направи, решението се сведува на поставување одгледала (по висина на цел ѕид) веднаш до лифтовите за луѓето да можат да се гледаат додека чекаат. По ова, поплаките речиси комплетно прекинуваат.

30 години од стапнувањето на Југо на американско тло

Крајот на ноември 1985-та, токму пред Денот на Благодарноста, Југо ГВ (GV) пристигнува на бреговите на Соединетите Американски Држави. GV е кратенка за Good Value, "маркетинг порака толку соголено дрска, толку пребогата со проклетството на празна пофалба, што колата не можеше а да не падне и на оваа така ниска препрека."

Каде оди бесплатната храна што ќе остане од компјутерџиите?

Фуд Ранерс од последната конференција на Селсфорс во Сан Франциско спасуваат 4.000 недопрени ланч пакети, претходно од компаниски ручек за 140 вработени, тие спасуваат 75 бурита. Аирбнб на последната конференција за вработени на масите оставаат 840 килограми храна.

Кина ги шие САД во чисти енергии

Иако главно се смета за главен виновник за глобалното загадување, Кина сериозно работи на случајот и лани инвестирала повеќе од Америка, Франција и Англија, комбинирано.

Фирмата што го кити Њујорк за Божиќ

Во периодот од Денот на Благодарноста до Нова Година, Њујорк ќе го посетат 5,2 милиони туристи, кои во овој период ќе потрошат 3,7 милијарди долари. Додека се таму, тие на улица треба да се чувствуваат најбожиќно што може. Овој дел го покриваат луѓето од Американ Крисмас.

Близнаците што владееа со Лондон

Родени се 1933-та, цели две децении доминираат со британските таблоиди, речиси исто време колку што владеат и со лондонското подземје. Том Харди ги глуми двајцата во Легенда, имаат Монти Пајтон инкарнација под името Браќата Пирана, Морисеј во една песна прашува "Reggie Kray, do you know my name?" и "Ronnie Kray, do you know my face?", а за двајцата има доволно документарци и филмови да можат да имаат сопствен фестивал.