Одговорот на Ратајковски до сите нив е да се опуштат, бидејќи феминизам не мора секогаш да значи не носење кармин или растење влакна под мишките.
„Живееме во доста патријархално општество, да, и стандардите за убавина се одговор на тоа. Ова не значи дека јас треба да дејствувам надвор од него (општеството), јас можам да дејствувам внатре во него за да ја постигнам мојата поента. На пример, јас се шминкам, ама тоа не значи дека не сум феминистка. Може да ставам шминка што ми ги нагласува цртите (и) тоа одговара на стандардот на убавина што го постави патријархалното општество, но јас живеам во него. Јас не се шминкам за да ги задоволам мажите, се шминкам за мене да ми биде убаво. Исто така нема да пуштам влакна под мишки како протест против патријархалноста. А носам и прслук. Ова се работите што не сметам дека треба да ги отфрлам за да покажам некаков став околу мојата сексуалност", објаснува Ратајковски за WWD.
Хана Онглеј во текстот за И-Д на Вајс, појаснува дека Ратајковски е во право околу ова, дури "и без да се навлегува во тоа дека таа пак би била дел од вкоренетите стандарди за убавина, дури и со црни кругови под очите и влакна под мишка."
Пред голото селфи, Ратајковски напиша есеј кој беше објавен како дел од њузлетерот на Лена Данам во кој расправаше околу политиката на изгледање секси: "одбивам да живеам во свет на срам и тивки извинувања. Животот не може да биде диктиран од перцепциите на другите, и би сакала светот јасно да ми имаше назначено дека реакциите на другите околу мојата сексуалност не се мој проблем, туку нивни."