Екс професорката Брајан Алтис веќе се изјасни за виновна во врска со обвиненијата дека имала секс со три момчињеа на 16 и 17 годишна возраст додека им била професорка по англиски јазик.
Во меѓувреме, професорката од Јута со неколку страници текст им одговори на родителите на едно од момчињата кои ја тужат. Вели дека блискоста меѓу нив се родила откако нивниот син неколкупати самоиницијативно ѝ приоѓал за да ѝ се пожали на нарушениот однос и комуникација со родителите. Вели и дека постојано го советувала да се потруди повеќе и околу училиштето и околу односот со родителите.
На крај ги потсетува дека во тој период нивниот син навистина успеал да ги поправи лошите оценки.
"Немав никаква намера да му нанесам зло и тоа не ни беше направено", пишува Алтис.
Трите момчиња веќе сведочеа а таа пред неколку години призна дека ги допирала по гениталиите за што ја очекува казна од 2 до 30 години затвор.