Од филмот Хајлендер знаеме дека дури и бесмртните не можат долго ако останат без глава. За овој суров начин на убивање и на овие простори имаме грозоморни примери: главата на Невена Георгиева - Дуња, бугарските фашисти ја имаат ставено во велешки излог, а онаа на Чакаларов, Грците ја имаат шетано по леринските села за да плашат народ.
Климатски активисти се подзбунија од веста дека спонзор на престојните глобални климатски разговори под покровителство на Обединетите Нации е Кока Кола. Компанија која годишно произведува 120 милијарди пластични шишиња за една употреба. Наоми Клајн има уште нешто јако да додаде за самитот во Египет.
Ресторани во срцето на Европската Унија вежбаат стратегии како со цените кои не престануваат да дивеат, ќе задржат луѓе во зимата што доаѓа. Некои од нив се сетиле дека треба „да се вратиме во камено доба“ па почнале да нудат мени подготвено без струја и плин. Сакавте палео? Ете ви палео.
„Војната во Украина има повеќе плусови отколку минуси“, пренесува Ројтерс едно бизарно мислење на темава. Да сме цинични, би помислиле дека не постои тема или проблем кои некои не можат да ги жртвуваат на олтарот на желбата оваа војна во Украина да се води до последниот локалец, па и пошироко.
Музичкото досие на првата дама на американскиот соул е богато, пребогато. Не е помало ниту нејзиното активистичко портфолио за правата на жените и црнците. Но, ако има нешто подолго од тие две работи, тоа е нејзиното досието во ФБИ.
Деновиве светот го погледна телефонот на Илон Маск и можеше да види како реално изгледа тој најблизок круг на најбогатиот човек на планетава. Што сè има во тој телефон? Генијалци, луцидни идеи, возбудливи проекти? Ма јок. Шупливи и сервилни папаци и климачи со глава, бесрамно богати и уште побесрамно расположени да се увлекуваат.
Откако под лупа на јавноста дојде чудната блискост и директните контакти меѓу главниот човек на Фајзер и Урсула фон дер Лејен од ЕК (пред да биде потпишан милијарди долари вредниот договор за вакцини за ЕУ), шефот на Фајзер/Бионтек реши да се повлече од закажаното сведочење пред ковид панел на Европскиот парламент.
Човек се залепил за банка за да протестира против некој нафтовод. Судот го репнал стандардно; малку условно, малку општествено корисна работа, но во случајов додал и нешто вонстандардно - кога излегува надвор од дома, да не смее со себе да носи лепак.
Популарниот стрип „Дилберт“ попи отказ од речиси 80 весници, откако неговиот автор Скот Адамс реши малку да ги ремети будните и коректните. Уфрли црнец кој се претставува како белец. Во црно-белиот свет на прогресивните, не може тоа така.
На Украина ѝ треба стакло. Ѝ треба многу стакло и очајно брзо. Не се работи за стаклото како сировина за некое тајно оружје против Русите. Се работи за тоа што доаѓа зима а многу прозорци се искршени во битките и експлозиите. Да ја имаат Марија Антоанета, би рекла: Ако немаат џамови, нека ставаат кепенци.
Фрлање бомби од по два тона, раселување стотици илјади сиромашни селани, концентрациони кампови, брутална пропаганда... Сето ова Велика Британија го викаше „вонредна состојба“ а не војна зашто именувањето на работите е многу важно за исплаќање отштета. Борбата против комунизмот всушност беше борба за профитот од природните богатства на Малезија.
Во Америка мора само да се плати данок и да се умре. Во Британија исто, освен кај една фамилија чии членови мораат само ова второто. Кралот Чарлс ќе плати нула данок за наследството кое го доби. Да добиеше толкаво наследство човек надвор од таа фамилија, ќе мораше на државата да ѝ се опрси 200 милиони фунти.
Една од најнезгодните сегменти во несреќната војна во Украина е нуклеарната електрана Запорожје и нејзините шест ВВЕР реактори околу кои се води позициона, пропагандна и повремено вистинска борба. Засега сето тоа таму е под контрола, но никој не може да биде сигурен што може да направат војници кои се борат за живот.
Животот на Чарлс, до сега, се состоел од создавање смисла од неговото седумдецениско чекање. Пријателите му се восхитуваат како на интелигентен, грижлив и одговорен, но веројатно неправично, смртта на кралицата е ден од којшто многумина стравуваат.
Калифорнија станува жртва на своите ресурси, слично како што жртви на нивните ресурси се Саудиска Арабија или Венецуела. Во случајот со најбогатата американска држава тоа е технолошкиот сектор и неговото богатство, како и елитата на која ѝ треба идеолошка рамка за тој систем да функционира, смета милијардерот.
Лидерот на Антиква и Барбуда сака новиот британски крал да знае дека не е ништо лично, ама дека на неговите луѓе можеби им е доста од монархија. Ако победи, премиерот Гастон Браун планира да распише референдум на таа тема.
Во последното истражување на Галуп, негативните емоции во кои спаѓаат стресот, тагата, гневот, секирациите и физичката болка достигнаа историски рекорд. Од секирации глава не можат да дигнат Авганистан и Либан а мува не ги лази во Казахстан. Скриената пандемија од која страдаме се вика осаменост.
Церемонија за доделување канадско државјанство на голема група луѓе било одложено бидејќи официјалните лица не биле сигурно кому треба да му биде упатена заклетвата, на штотуку починатата кралица Елизабета Втора или на следниот човек на тронот, кралот Чарлс Трети.
Швајцарија размислува дали да предвиди и затворски казни за оние кои нема да ги почитуваат вонредните енергетски правила за штедење. Паричните се подготвени. На полиција не ѝ е ќеиф ако треба да оди од врата до врата. Ќе се кодошат ли пак луѓе, како во време на пандемијата?
Во контекст на енергетската криза и сеопштата потрага по алтернативни извори на енергија за да се обезбеди топла зима, главниот град на Полска ќе ја разгледува можноста да се извлекува топлина од канализациониот систем. Зошто да се фрла?
Администрацијата на Бајден понуди бришење на дел од студентските долгови на Американците кои изнесуваат фрапантни 1,6 трилиони долари. Но, тоа не е сè што државата има да го каже на таа тема.
Медиумско-политичките бракови во САД одамна се претворени во тежок свингерај. Фокс сега му е најлут противник на Трамп а тој пак, за неговите некогаш најголеми медиумски душмани CNN има условена понуда: свртете малку накај што треба и ќе се наполните пари.
Последниот советски лидер почина на 92 години. И натаму ќе останат отворени прашањата и дилемите дали тој повеќе беше државник (statesman) или продавач (salesman). Горбачов покрена историски бранови кои беа поголеми од него а политичката кариера ја заврши многу неславно. И како да не продава пица?
Американци должат планини пари заради студентските кредити кои ги земале на времето. Потеклото на овој долг нè враќа во времето на Роналд Реган и еден негов советник кој процени: „Бесплатното школство ќе ни создаде опасен образуван пролетаријат“.