На шест од седум истражувачи им биле понудени пари да ја заборават идејата за протекување на вирусот и да застанат зад пожелната теорија дека вирусот природно се префрлил од животни на луѓе преку таканаречениот процес на зооноза. Седмиот и самиот верувал во таквата теорија па не морало да му бидат нудени пари. Во тој тим влегувале „искусни службеници со значителна научна експертиза“.
ФБИ беше првата американска разузнавачка агенција која заклучи дека ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија. Американската разузнавачка заедница декласифицираше свој извештај од 10 страници за потеклото на ковид во кој беше откриено дека во Институтот за вирусологија во Вухан се испитуваат прашања како „биобезбедност“ и „генетски инженеринг“ а во 2019 година, неколку научници од лабораторијата во Вухан се имаат разболено со симптоми на ковид, иако тоа не им било дијагностицирано.
Официјално, се вели дека не може прецизно да се утврди потеклото на пандемијата бидејќи двете хипотези (протекување од лабораторија и природен пренос) се потпираат на доста претпоставки и конфликтни извештаи.
Не сите американски разузнавачи се согласуваат со таквата проценка. Поранешниот директор на Националното разузнавање Џон Ретклиф му рече на Конгресот дека „теоријата за протекување од лабораторија“ е „единственото“ веродостојно објаснување за пандемијата, која оттогаш ги однесе животите на речиси 7 милиони луѓе ширум светот.