Тази нацизам не е нацизам

Префинето либерално шминкање на нацизмот

„Дали го имаме најлошиот едиторијал во историјата?“ вџашено прашува Мат Таиби за уредничкиот коментар на Политико со наслов: „Борбата против СССР не те прави автоматски нацист.“ Уредникот на Политико или дувал лепак или под цивилката со која доаѓа на работа носи СС униформа.

Гневот кој глобално го предизвика громогласниот аплауз во канадскиот парламент за 97 годишниот СС нацист Јарослав Хунка, авторот Кир Гил тврди дека е производ на „дезинформации“ и „лаги“.

Потоа ќе започне приказна како историјата е комплицирана и дека ако некој се борел од другата страна на СССР, не значи дека бил нацист туку дека само се нашол пред тежок избор кој од два зли режима да одбере. А едноставните наративи дека „сите во СС се виновни за воени злосторства“ биле убедливи само затоа што биле едноставни (а историјата, потсетува Кир, е комплицирана).

„Важи ли она дека „борбата против СССР не ве прави нацист“и за Јарослав Хунка, кој всушност беше нацист?“, прашува Таиби

14-та единица Вафен Гренадир во која служел Хунка, позната како Дивизијата Галиција, полската влада пред 20 години ја обвини за убиство на 1.000 жители на Хута Пиениачка, сега во Лавовската област на Украина. Затоа и сега рекоа дека преземаат чекори за можна екстрадиција на овој човек.

„Оваа приказна никогаш не беше за моралните избори на Јарослав Хунка, туку за одлуката на премиерот Џастин Трудо, спикерот Ентони Рота и вицепремиерката Кристијаа Фриланд да му аплаудираат како на „канадски херој“ на поранешен припадник на СС. Хунка се бореше на другата страна во војна во која загинаа 42.000 Канаѓани. Но, кој брои? Гилс би рекол, „комплицирано“ е тоа“, пишува Таиби.

Западниот печат знаел да го релативизира Аугусто Пиноче и ред други диктатори (ако ѝ одговарале на американската политика), но сепак, чекор понапред е овој обид за „нијансирана вистина за СС.“

Едиторијалот оди дотаму што реакцијата на Центарот „Пријатели на Симон Визентал“ и нивното потсетување дека „злосторствата против човештвото на единицата на Хунка за време на холокаустот се добро документирани“, нема суштина повеќе од оние обвинувања кои доаѓаат од Русија.

„Па, браво ако Центарот Симон Визентал го обвините за ширење руска пропаганда. Тој изгледа не сфаќа дека глетката како канадскиот парламент и премиерот како зашеметени му аплаудираат на кој било член на Вафен-СС е токму оној кошмар на кој секогаш предупредуваа преживеаните од Холокаустот“.

„Какво време да се живее! Секој ден нова пресвртница“, пишува Таиби.

 

 

 

 

 

4 октомври 2023 - 13:58