Во водите кај Жангпу, Кина, од почеток до крај била инсталирана ветерница од 14,3 мегавати за само 30 часа.
Со оптимизирање на неколку процеси кои одземаат време, убедени се дека можат и побрзо:
„Преку стратегии како претходно склопување на роторот, модуларни дизајни, поефикасно откачување на алатот и слично, би можеле да ја подигнеме и за 26 часа, подобрувајќи ја вкупната ефикасност за 40%,“ соопштија од компанијата Годвин.
Ова практично значи дека 1,4 гигавати би можеле да се инсталираат за само 18 дена. Неспоредливо со време потребно да се склопи и пушти во работа една нуклеарка.
Вкупниот капацитет на кинеската ветерна фарма Жангпу е 400 мегавати и може да испорача 1,6 терават-часови годишно. Заштедува половина милион тони јаглен и го намалува загадувањето за 1,36 милиони тони годишно.