Бизнисменот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, е последниот од милијардерите кој ќе се фаќа во костец со климата, вложувајќи големи пари на тој предизвик.
Неговата филантропска организација на Loomberg објави дека ќе вложи 500 милиони долари за да ги затвори сите постоечки капацитети за јаглен во САД и да спречи изградба на идни постројки за природен гас.
Апелот звучи анти-индустриски, но Блумберг тврди дека ќе тоа „турбо“ ќе го наполни еколошкиот напредок.
Конкретните цели се:
- Да му се стави крај на јагленот. 372 од 530 ископи на јаглен во САД најавија датуми до кога ќе затворат. Ама треба сите.
- Да се преполови капацитетот на гасните постројки и дa се блокира секаква изградба на нови.
- Да се зголеми чистата енергија на САД за четири пати.
Милијардерот порано се занимаваше со разни забрани: забрана за стиропор, забрана за пушење, забрана за транс-масти, ограничување на засладените пијалоци.
Сега газираните пијачки и маснотиите се аут, климата е ин.