Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Рабио на часови по италијански кај професор Џиџи

Французинот потпиша за Јуве на 1 јули годинава, па по шест месеци престој во Италија Буфон седна да го испраша барем за основи работи од типот дали знае што значи „Fino alla fine“. Ама професорот мислеше така ќе помине, па мораше и тој да одговара за Франција.

Ивица Петровски ја водеше Аџибадем Систина до победа над Окта

Во последниот ден од 12. коло од Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Пекабеско, Аџибадем Систина и ЕЛЕМ.

Анчелоти, го виде ли стариот добар Лејтон?

Ветеранот и поранешен англиски репрезентативец, левиот бек Лејтон Бејнс со еврогол му донесе продолженија на Евертон во Купот против Лестер (на крај конечни 2:4). Веројатно Карло ќе го мрдне малку од клупата за резерви.

Што прави Роналдо на полноќ ако вечерта не го стават во игра

Секој што прати и чита повеќе фудбал, треба, а веројатно знае дека за да стане Кристијано Роналдо тоа што е денес се убил од работа, што подразбира тренинг, тренинг и само тренинг, секогаш повеќе од другите.

Дојди кај чичко ти Лео да те направи Јап Стам

Секогаш е убаво кога ќе излезе по некое видео од зад сцената, како што е ова со Јуве. Во интерес на времето, приајтелскиот дух, па и парите за бербер, човекот задолжен за опрема се реши да се шиша, односно бричи кај Бонучи.

Сава Осигурување со одлична игра до победа над ЕВН

Во третиот ден од 12. коло од Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Тиквеш, Сава Осигурување и Рамстор.

Приказната за најголемиот преварант и боксерски промотер Дон Кинг

Човекот кој направи милиони со договарање боксерски дуели и кој во болничка постела му донел 50 адвокати на Мухамед Али да потпише дека се откажува од барањето за оштета од 1,1 милион долари.

Лизгачки старт за 30 дневен притвор

Она што не ни е јасно во видеово од аргентинскиот фудбал е зошто малоумников се решил воопшто да игра фудбал, кога можел да одбере некој спорт со кршење нозе, ако постои такво нешто воопшто.

Годината ја завршуваме со 47 места пред Косово

Со оглед на тоа што немаше никакви активности, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција како на претходното рангирање на ФИФА.

Жестоки нереди на улиците на Барселона, Ел Класико во втор план

Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.

Го имаме твитот на годината на тема кладилница

Во чест на раѓањето на Блаже Конески, Твитерџијата на Спорт Лајф се отвори ко Германија против Бразил на Светското 2014. Маестрално срочено, нема што.

Кристијано ер Џордан и неговите четири најголеми скокови

Овие 256 см против Сампдорија не му се рекорд во кариерата. Кој памети колку скокна против Манчестер Јунајтед, знае за што зборуваме.

Имаше ли пенал за Реал по фаулот од Ракитиќ?

Во првите 20-ина минути од Ел Класико Реал Мадрид изведе неколку корнери по ред благодарение на викторијата пред голот на Барселона. При еден корнер Иван Ракитиќ го влечеше за дрес Рафаел Варан и го спречи во намерата да стигне до топката. Судијата не повика ВАР ниту гледаше снимка.

Нов хит од Клоп - му се плезеше на тренерот на Монтереј

Полуфиналето на клупско СП не беше баш најлесно по Ливерпул, зошто резултатот до самиот финиш беше 1:1. Алисон одбрани 7 чисти удари и беше прогласен за најдобар играч а во 91’ минута Фирмино го однесе Ливерпул во финале.

Кој те учел вака бе цреп?

Жоао Кансело изгледа е скаран со фер плејот. Погледне го ова бесрамно однесување синоќа во Лига купот против Оксфорд. Прво почнува да се закача, а потоа глуми жртва без никој да го пипне.

Пред да почне Барса - Реал, Роналдо даде небесен гол за Јуве

Фудбалерите на Јувентус со 1:2 ја победија Сампдорија на „Мараси“ во Џенова. Вториот гол за Јуве дојде по спектакуларниот скок на Кристијано Роналдо кој медиумите пресметаа дека се одразил цели 71 сантиметри од земја и ја заковал топката во мрежа од висина на 2.52 метри што е надчовечки.

Сега појасно ви е зошто Анчелоти ќе шиба во Евертон?

После славна кариера во славни клубови, Карло Анчелоти од Наполи заминува во Евертон за што веќе пристигнуваат вести од Англија дека постигнат е договор. Епа како нема да биде кога 16-то пласираниот тим од Премиер лигата ќе му кешира секој ден по 31.593 фунти.

Толку е цар што не се срами да праша и каде е Мексико

Ливерпул вечерва во Доха го игра полуфиналниот дуел од Светското клупско првенство против Монтереј од Мексико. Е сега Клоп бил таму на одмор, ама нешто пак е збунка во која Америка припаѓа, па начека Мексиканец меѓу новинарите и го праша.

Ако имаш култура на купување карти, Премиер лига и не е така скапа за гледање

Точно е дека во Серија А и Бундеслига е поевтино, ама англиско не е толку огин како што се мислеше. Па 53% од билетите се 30 фунти или помалку, а најмногу ушпаруваат оние кои инвестираат во годишна, ама кога ќе ја купат предвреме.

Дрзок дриблинг на Теодосиќ

Болоња се израдува на нов триумф во Еврокупот, на гости против Монако 72:81. Милош Теодосиќ постигна 25 коша, имаше 3 скока и 2 асистенции. Плус играч на мечот со потег на мечот.

Некој ќе јаде посни сарми на слава, некој ќе гледа Ел Класико, некој и двете

Во 178 Ла Лига Ел Класико кое се игра од 1929 година, и двата клуба имаат по 72 победи, така што некој вечерва би можел одново да има подобар учинок во меѓусебните дуели.

Син му на Сабонис сам ги тепаше Леброн и Лејкерс

Предводени од дуото Дејвис - Џејмс, Лејкерси сезонава целаат висок дострел. И имаат легитимно право на тоа зошто на 28 меча имаат само 4 порази досега сезонава. Синоќа изгубија од Индијана Пејсерс, поточно од Домантас Сабонис кој сам ги тепаше со 26 поени, 10 скока и 2 клучни слободни фрлања во финишот.

Дончиќ се релаксира по дома со македонска музика

Дечкото кој со своите блескави партии ја импресионира НБА лигата моментално е повреден, па да видиме каква терапија прима по дома.

Офсајд лик: Емир Дилавер на кој му предлагаме на пелети да се грее

Не знаеме дали е ова нормално или не, а можеби е нормално штом влегува во оквирот на балканскиот фудбал. Иако ова е класична вест адекватна за селски фудбал, а не за играч од клуб кој игра и во Лига на шампиони.