Доживотна казна за навивачот на Њукасл

Њукасл со гол во продолженија го победи Оксфорд на гости 2:3 во ФА Купот и се пласираше понатаму. При еуфоријата за голот меѓу гостинските навивачи еден цреп направи „хеликоптер“ прослава. Се соблече гол. Денес го казнија со доживотна забрана за влез на сите англиски фудбалски стадиони. Во меѓувреме еден навивач за расистички испад бил казнет 4 години, па јавноста реагира дека Мајк Пендриџ од Њукасл е престрого казнет.

А стрелецот на победничкиот гол и најдобар фудбалер на Њукасл, Алан-Сент Максимин направи зафрканција со настанот:

 

6 февруари 2020 - 20:40