Реал Сосиедад синоќа го попари Реал Мадрид на Бернабеу со победа од 3:4, нетипичен резултат за било кој тим кој им гостува на Кралевите. Дека тоа ќе биде дебакл за домаќините стана јасно кога прво беше 0:3, па 1:4.
Ај да речеш Зидан пуштил втор состав за да ги одмара главните за во Ла Лига каде се лидери, ама не. Синоќа во прв состав беа Бензема, Крос, Хамес Родригез, Рамос, Марсело, а на почеток на второ влезе и Модриќ.
Што имал во глава францускиот стратег и дали планирал да го троши тимот за Куп покрај првенство и ЛШ, само тој си знае, но едно е сигурно. Копа дел Реј му е табу тема.
Откако е тренер на Реал Мадрид секогаш се соочува со елиминација во четвртфинале и тоа поразите му се од Селта, Леганес и синоќа од Реал Сосиедад.
Инаку синоќешниот негов натпревар беше вкупно 250-ти за Реал од кои 57 му се за Б тимот и 193 за првиот тим со кој стигна до три титули во ЛШ по ред. Статистиката вели дека за прв пат прима 4 гола.
Играчот кој синоќа најмногу се истакна беше младиот Алекс Исак кој го купија летоска од Борусија Дортмунд и веќе има 13 гола на сите натпреварувања. 20 годишниот шведски напаѓач беше двоен стрелец на мечот, но ако немаше толку утки можеше и 5 да им даде.
Гол им даде и нивниот член Мартин Одегард кој не се радуваше и за кој Реал Сосиедад е трета позајмица после Херенвен и Витезе.
65 години не биле елиминирани заедно.
2 - Real Madrid & Barcelona have been eliminated the same date together in Copa for the first time since 29th May 1955 when Real Madrid were eliminated by Sevilla & Barcelona were eliminated by @Athletic_en, both in Semifinals. Earthquake#AthleticBarça #RealMadridRealSociedad pic.twitter.com/cOv4ATeAeR
— OptaJose (@OptaJose) February 6, 2020