Јавноста пројави интерес за оваа необична тема откако 20-годишниот фудбалер на Сантос Лагуна и млад репрезентативец на Мексико, Адриан Лозано постигна преубав гол а во кадар западна неговиот дрес со број 191
Тогаш многумина мислеле дека Лозано е исклучок, но не бил.
Пример репрезентативецот на Мексико и фудбалер на Ајакс, Едсон Алварез, во својот доскорашен клуб Америка го носел бројот 282.
Оваа појава во Мексико најчеста е на натпреварите на младинските екипи
А целата заврзлама била во тоа што според правилникот на фудбалскиот сојуз на Мексико, секој клуб што има младински и јуниорски тимови У-20, У-17, У-15 и У-13, не смее во системот на клубот да има број кој се повторува. На пример ако голманот на првиот тим носи 1, никој не може да носи број 1 ниту меѓу најмладите јуниори.
Ова значи што повеќе играчи толку поголеми бројки на дресовите. Во оние категории кои се поблизу до првиот тим (младинци, кадети) бројките почнуваат со 1 и 2 и мора да бидат составени од три броја.
Еве на пример како изгледа меч меѓу кадети во Мексико:
Во оваа ситуација, фудбалерите кои во текот на сезоната ќе бидат прекомандувани од младински тим во прва екипа, тие продолжуваат да играат со три бројки на дресот. Најголем проблем со ова имаат скаутите кои од трибини го гледаат потенцијалниот кандидат за трансфер.