И покрај скандалот со Меси и Абидал и изјавата дека Аргентинецот може ќе одмара поради болки во бутниот мускул, Лионел заигра од старт.
Во прво полувреме Меси играше невообичаено грубо за него и доби жолт картон.
Каталонците примија гол уште во 10’ минута но судијата поради офсајд го поништи погодокот на Ињаки Вилијамс. Најдобриот фудбалер на Атлетик Билбао имаше два директни удари кон голот а Барселона пет обиди.
Во самиот финиш при резултат 0:0 Меси имаше голема шанса но не го совлада голманот. На крај Ињаки Вилијамс донесе делириум за околу 50.000 гледачи на „Сан Мамеш“ и го однесе Атлетик во полуфиналето на Купот.
Првпат уште од сезоната 2002/2003 Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Барселона не влегле во полуфиналето на Купот на Шпанија. Атлетико испадна во 1/16 финале од Културал Леонеса, Барса и Реал во 1/4 финале (Атлетик 1:0) и Реал Сосиедад (3:4).
Каталонците првпат од 2014 година нема да играат во финалето на Купот на Шпанија (овојпат ни во полуфинале). Од 2014-та до 2019-та Барса шест пати по ред играше во финалето на Копа дел Реј и освои четири пехари.
„Секоја година откако сум во фудбалот има денови кога даваш гол од еден удар, а некогаш не можеш ни од десет шута. Не знам до што може да е, инспирација ли, самоуевереност ли. Има работи кои ни тренерите ни играчите не можат да ги контролираат и ова е една од нив. Се беше добро со исклучок на резултатот. Штета е што испаднавме но мислам дека одиме напред со некои работи кои требаше да се подобрат. Приметив многу важни моменти не само резултатот од овој тежок меч“, рече тренерот на Барса Кике Сетиен.
Во полуфиналето на Купто ќе играат Атлетик Билбао, Реал Сосиедад, Гранада и Мирандес од Сегунда. Две од овие четири екипи ќе одат на крајот од годината, на зима во Саудиска Арабија да играат Супер Куп. Во Саудиска Арабија годинава шпанскиот Супер Куп се играше како Фајнал Фор со четири екипи кои лани играле во самата завршница. Според некои информации ова го смениле и ќе се игра само еден меч наводно поради Гранада и Мирандес.