На страна оној препознатлив историски гол со петица од корнер кој е белег на неговата кариера, Ѕола имаше вештина, способност и интелигенција како еден цел тим.
Да не го фаулираа на 5 секунди ќе танцуваше бесконечно и ќе ги правеше уште поголеми мајмуни они кои очајно се обидуваа да му ја земат.
Низок, пргав, цврст и 2см понизок од Меси. Ќе ви заличи и на него, ќе видите, особено кога ќе го изгледате до пола едно минутниот клип.
Веќе до тој дел, константно ќе бидете со зината уста, особено во онаа акција каде тројца на Ливерпул ги издрибла како мали деца. Потоа во другата половина ќе останете импресионирани од неговите мајсторски голчишта.
Ние му ги фативме најубавите денови од кариерата кога ја носеше 25-та на Челси со кои освои најмногу: ФА Куп (2), Лига Куп, Куп на купови на победници, Комјунити Шилд, Супер Куп на УЕФА. Заслужи многу повеќе, но не го фати Абрамович.
За да не ги прашувате постарите кај се има играно, еве ви кусо хронолошко инфо: Нуорезе (1984–1986), Торес (1986–1989), Наполи (1989–1993), Парма (1993–1996), Челси (1996–2003), Каљари 2003–2005.
Се повлече на 39, а го забележа во Серија Ц и однесе во Наполи знаете кој? Лучано Моџи додека работеше за Наполитанците. Кога пристигнал Марадона, Ѕола рекол: „Конечно некој понизок од мене“.
Ѕола е инспирација за пишување особено откако ќе се потсетиме што правеше преку ова фантазија од видео, но уште ова и преминувајте на плеј.
Се пензионираше како петти најдобар стрелец од слободен удар во историјата на Серија А со 20 гола. Пред него се Тоти и Баџо со по 21, Дел Пјеро 22, Пирло и Михајловиќ 28.
Уживајте