Есенскиот шампион Макпетрол сигурен во дуелот со АџибадемСистина

Во четвртиот ден од 14. коло во Бизнис лига на Македонија славеа екипите на Пекабеско и Макпетрол, Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа без победник.

Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ одиграа реми

Ван Хоол 3-3(2-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Ван Хоол: Ненад Атанасов 9’ 32’ Владо Здравсковски 7’

Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 21’ 26’ Игор Николовски 9’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Ван Хоол и Фабрика Карпош – ГИМ, прва до водство дојде екипата на Ван Хоол со погодок во 7та минута. По оваа негатива екипата на Фабрика Карпош започна со агресивна игра што и донесе израмнување во 9та минута со погодокот на Николовски. Екипата на Ван Хоол во 9та минута успеа повторно да постигне погодок за водство од 2-1 кое успеа да го задри до полувремето и покрај жестокиот притисок на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ. На стартот на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување, а неколку минути подоцна со вториот гол на Илиевски успеа да направи и целосен резултатски пресврт. Екипата на Ван Хоол по ова се префрли на противничка половина и вршеше притисок кон голот на Фабрика Карпош што вроди со плод во 32та минута за повторно израмнување 3-3 и интересни последни минути. Во ваквата интересна завршница екипите ги поделија бодовите.

Пекабеско со одлична игра до сигурна победа над ЕЛЕМ

Пекабеско 7-2(4-1) ЕЛЕМ

Пекабеско: Дејан Неделковски 3’ Ѓоре Бочваров 20’ 27’ Александар Арсиќ 17’ Мартин Чалоски 38’ Никола Миновски 11’ Сухамед Бачко 40’

ЕЛЕМ: Златко Станковски 39’ Бобан Дуковски 11’

Првото полувреме во дуелот помеѓу екипите на Пекабеско и ЕЛЕМ и припадна на екипата на Пекабеско која уште во третата минута го отвори резултатот за водство од 1-0. Кон средината на полувремето екипата на Пекабеско успеа да го зголеми водството на 2-0, по што екипата на ЕЛЕМ имаше брз одговор и намали на 2-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на Пекабеско имаше повеќе од играта па на паузата замина со сигурна предност од 4-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ со сите сили се обидуваше да резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Пекабеско одлично ја постави играта во одбраната а преку брзи контри го зголемуваше водството што на крајот од натпреварот изнесуваше 7-2.

Есенскиот шампион Макпетрол сигурен во дуелот со Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 1-4(0-2) Макпетрол

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 23’

Макпетрол: Мишо Ѓорѓиоски 5’ 40’ Бенер Бекироски 3’ Марко Костенцовски 24’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и Макпетрол во целост и припадна на екипата на Макпетрол. Екипата на Макпетрол уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе погодоци во 3та и 5та минутаи водство од 0-2. Екипата на Систина со промена на тактиката се обидуваше да ја пронајде својата игра и да направи резултатски приклучок, но не успеа во тоа па екипата на Макпетрол на полувремето замина со предност од 0-2. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок и резултатски да се врати во игра, но екипата на Макпетрол за многу кратко време спреми одговор и веќе следната минута успеа да постигне погодок за водство од 1-3. Екипата на Систина со сите сили се обидуваше да се врати во игра, се обидоа и со голман играч но не успеаа во таа намера па екипата на Макпетрол го доби овој натпревар со 1-4.

7 февруари 2020 - 16:15