Offside

Тешка тема е ова на толку голмански легенди кои произлегоа во фудбалот, но за Џиџи нема дилеми околу првите три места.

Во дербито на колото Макпетрол поуспешни од Матрикс

Екипите на Македонски Телеком, Аџибадем Систина и Макпетрол славеа победи во третиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Кој знае Вујо како би го прснал ова незадоволство на цел глас

По ултра бурните тајм аути со Веселин Вујовиќ и Жељко Обрадовиќ, одиме малку смирено со стратегот на Еурофарм, Стефче Алушевски. Им кажа дека се криви, ама не значи дека треба да умрат нели?

Почетино добил отказ зошто не сакал Амазон да им снима тактика и тренинзи

Фудбалот дефинитивно е отиден во погрешна насока. Овој спорт стана машина за пари. Веќе не се важни никакви чувства и стариот романтичен фудбал, туку сега се оди до баналности кои оваа омилена игра ја прават таблоидна.

Па добро како ќе ги пречекаат ако освојат?

Страста на јужноамериканските навивачи за фудбал не познава граници. Фламенго замина да игра финале на Копа Либертадорес во Перу, каде за противник го има Ривер Плејт, а сцениве изгледаат како веќе да ги пречекале и тоа не како јужноамерикански, туку како светски прваци.

Лука имаш ли ти граници? На 20 години стигна до трипл-дабл број 14 во НБА

Ако на 20 години е способен ова да го прави, што ли ќе биде со него на 30? Сезонава трае месец дена, а тој веќе има 7 трипл дабл учиноци. Зборуваме за дете кое не било родено кога го гледавме великанот Мајкл Џордан, а веќе почна да му стига некои рекорди и негови и на Леброн.

НБА ѕвезда даде прва тројка после 172 натпревари, салата вриштеше

Конечно се случи и тоа. Просто е неверојатно, ама вистинито. Бен Симонс, лидерот на Филаделфија ја постигна својата прва тројка после ЦЕЛИ 172 натпревари (две ипол сезони) во НБА со се плејофот.

Ново издание на Обрадовиќ, овојпат мирно

Кога колата ќе тргне удолу нема назад. Најтрофејниот европски тренер на сите времиња во 2016/2017 му ја донесе на Фенербахче титулата во Евролига. Сезонава Жељко потпиша сјајни поединци, ја засили екипата, но нешто не оди како треба. Синоќа изгубија 89-63 од Барселона, а Србинот веќе ни сам не знае што да им каже за да почнат да го слушаат. Имаат учинок 2-7 на 9 меча.

Марка го спружи Бејл на насловна со свој редослед на зборови

Додека Велс го славеше пласманот на ЕП 2020, Герет Бејл ептен ја оплеска, бидејќи ја прифати шегата со знамето на кое стои каде му е Реал Мадрид според приоритетите. Навивачите на Реал збеснаа, силно удри и шпанскиот печат, а од клубот како уво да ги боли.

Малиот Јане испрати моќна порака од Обединети нации и се сретна со Бекам

11 годишниот Јане Велковски, како застапник за децата со попреченост од Македонија му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит на ОН во Њујорк. На годинашниот Светски ден на детето порача дека треба да се отстранат сите бариери со кои се соочуваат лицата со инвалидитет.

Кога був слета на терен и го прекина мечот Финска - Белгија

Пред 12 години, во квалификациите за Европско 2008 пред 35.000 луѓе во Хелсинки играа Финска и Белгија. Во еден момент на терен се појави непоканет гостин поради кој мечот се прекина на повеќе од 6 минути.

Ристов со погодок во последната минута и донесе победа наЏонсон Мети во дуелот со ЕВН

Екипите на ЈСП и Џонсон Мети славеа победи во вториот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Колку треба да си луд за вака да одбраниш топка?

Тој што вришти од трибина како недугав, има тотално право да вришти како недугав, бидејќи голманот е уште понедугав од него. Ова не е нормално. Арпад Штербик на рипит го гледа видеово.

Во шпанската фудбалска федерација фали само уште Касандра

По срамот со отпуштање селектор на ден пред почетокот на Светско првенство 2018, шпанската фудбалска федерација сега ја дрма нов потрес. Ама како да не се виновни тие, туку плачкото кој жали што Енрике се враќа на клупата по семејната трагедија.

Дечките заслужуваат да играат на ЕП, бидејќи играат со срце и гинат еден за друг

Па дали видовте каква партија пружи Бобан Николов? Ораше на цел терен само да се добие последнава по секоја цена. И колку души му се џитнаа кога го даде голот? Од тренери, резервни играчи, физиотерапевти до магационери, сите на куп. Ова го немало претходно во репрезентација.

Преписка меѓу Салвини и фудбалер на Милан

Матео Салвини, човекот кој до скоро беше вице-премиер и министер за внатрешни работи на Италија и човек кој се декларира како голем навивач на Милан, не баш пријатно му честиташе роденден на Шпанецот Сусо.

Што навивање ќе беше ова вулканско

Во квалификациите за Светско првенство 2022 синоќа Малезија со 2-0 ја победи Индонезија, а 80.000 навивачи на стадионот „Букит Џалил“ во Куала Лумпур направија атмосфера за која уште долго ќе се зборува. На мечот имало и нереди меѓу домашните и гостинските навивачи, па полицијата соопштила дека уапсила 40-ина навивачи (27 Малезијци и 14 Индонезијци).

Молба до најдобриот стрелец во Серија А од фанатик на Фантази

Дечкото поштено си праша: Чиро може ли да даваш помалку голови, бидејќи си ми противник на Фантази? А овој поштено му одговори: Жал ми е, ама не смеам да ги разочарам тренерите.

Каков Жељко бе, чујте го Вујо на тајм аут

Тоа е тој мотивациски говор кога екипата треба да запне. Каква будала. Ова е испад на векот.

Бидна и тоа - Тотенхем го избрка Почетино и го назначи, пази - Мурињо

За време на репрезентативната недела кога обично е тивко во клупскиот фудбал, во вторникот вечер одекна бомба: Тотенхем го избркал Маурисио Почетино. Нема споразумен раскин на договорот, туку бркање.

Балеее после ова не се враќај во Мадрид Бале

Направи трансфериште од 100 милиони евра, стекна светска слава, се наполни со кеш до гуша и освои 13 трофеи од кои четири во ЛШ, но на крај да ни простите на израз, ама му се насра на сево ова.

Фото на денот

Со скор од 159 победи, 62 нерешени и 72 порази, остварени во 5 години, ниту еден трофеј и едно финале во ЛШ, Маурицио Покетино синоќа го отпуштија од Тотенхем. Утринава стигна официјална потврда за неговата замена. Доаѓа Жозе Мурињо кој по разделбата со Манчестер Јунајтед на крајот на минатата година, остана да живее во Лондон. Стави потпис до 2023-та.

Победа за потврда на заедништвото и залет за Европско 2020

Македонската фудбалска репрезентација првпат во својата историја заврши на 3. место во една квалификациска група. Но далеку поважна е атмосферата во селекцијата, квалитетот и талентот на овие дечки кои дефинитивно имаат потенцијал да отидат на Европско.

Опа бато, Андора напреднала

Селекцијата која секогаш ќе не потсеќа на тоа пусто засрамувачко гостување и која има жители колку што Олд Трафорд собира гледачи, има историски прогрес во овие квалификации. Па што, за нив е историски.

Во ФФМ имаат свој предлог за името на Македонија

Во рамки на квалификациите за Европско првенство У-19, фудбалската репрезентација на Македонија гостуваше кај Луксембург У-19. Победивме 0-3, ама победија и луѓето од ФФМ кои го вршеа преносот на мечот. Според нив N. Macedonija играла против ЛуксеНбург.