Матрикс во последните минути од натпреварот ја осигурапобедата со Телеком

Во последниот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Рамстор и Матрикс.

Матрикс во последните минути од натпреварот ја осигура победата со Телеком

Македонски Телеком 2-4(2-2) Матрикс

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 10’ 15’

Матрикс: Петре Даиловски 13’ Тони Брњарчевски 15’

Првиот дел од првото полувреме во дуелот помеѓу Македонски Телеком и Матрикс двете екипи го поминаа со одмерување на силите. Како одминуваше времето екипите го подигнуваа темпото на игра се до 10та минута кога екипата на Телеком преку Лазаревски успеа да го отвори резултатотна 1-0. За кратко време следуваше одговор од екипата на Матрикс која преку Даиловски во 13та минута успеаа да го израмнат резултатот на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични периоди на игра и постигнаа по еден гол па на паузата се замина со резултат од 2-2. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра двете екипи со брзи контри и шутови од далечина се обидуваа да го изненадат протиникот. Во 27та минута екипата на Матрикс искористи грешка во одбраната на Телеком и преку Цветковски дојде до водство од 2-3. По ова Телеком ја имаше улогата на екипа која го брка резултатот, но сепак екипата на Матрикс ги затвори пристапите до својот гол а преку контра напад во последната минута од натпреварот успеа да ја осигура победата со резултат од 2-4.

Рамстор со тимска игра до победа над Пекабеско

Пекабеско 2-6(1-2) Рамстор

Пекабеско: Ѓоре Бочваров 9’ Никола Миновски 36’

Рамстор: Енис Мурселов 18’ Енгин Мемеди 35’ Ибрахим Бекир 32’ Хурјет Шаќири 29’ Кадир Јахија 11’ 35’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Рамстор, уште од самиот старт на натпреварот екипата Рамстор притисна кон голот на Пекабеско. Ваквата офанзивна игра на Рамстор ја искористи Пекабеско и преку контра напад во 9та минута го отвори резултатот на 1-0. По ова екипата на Рамстор направи неколку промени во играчкиот кадар и во 11та минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Рамстор притискаше кон голот на Пекабеско и успеа да реализира во 18та минута за 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Рамстор го подигна нивото на игра и со одлични погодоци успеа да го зголеми водството 1-4 до 32та минута. Екипата на Пекабеско по ова се префли на противничка половина бракајќи резултат но подзаборави на одбраната што рамстор го искористи за сигурна победа од 2-6 во овој дуел.

21 февруари 2020 - 15:02